Се појавија сини кучиња во Русија. екологистите алармираат!
  Објавено на
share

 Се појавија сини кучиња во Русија. екологистите алармираат!

Во русија се забаележани повеќе случаи на улични кучиња со сино крзно. Ова предизвика голема рекација на јавноста. Имено овие кучиња вообичаено се мотаат околу стара напуштена хемиска фабријка, во која меѓу останатото се призведувал бакарен сулфат за кој се смета дека е можен причинител на промената на бојата на крзното кај кучињата.

Шинтери и ветеринари деновиве се во потрага по сите кучиња обоени во сина боја, кои деновиве се појавиле низ улиците на градот Дзержинск, во Нижненовгородската Област, откако екологистите побараа итна истрага за изворот на бојата, а темата стигна и до Државната Дума, долниот дом на рускиот Парламент.

								 				Twitter

Дзержинск има долга историја на еколошки проблеми, а поранешниот индустриски центар важи за еден од најзагадените градови во Русија уште од времето на Советскиот Сојуз. Локалните власти претпоставуваат дека бојата потекнува од блиската напуштена фабрика за хемиски производи, на која има наталожен хемиски отпад.

Се работи најверојатно за бакар сулфат, а во прашање е фабрика за плексиглас која е затворена шест години, а во чиј производствен процес се користела хидроцијанидна киселина, јавуваат локалните медиуми.

Сличен пример на улични кучиња обоени во сина боја пред неколку години се случи во Мумбаи, во Индија, каде беше откриено дека фабрика за бои и лакови со чијшто отпад дошле во контакт кучињата, била виновникот.

извор 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани