ДИЈАБЕТЕС, КОПИЛЕТО НА КОВИД-19
  Објавено на
share

 

ДИЈАБЕТЕС, КОПИЛЕТО НА КОВИД-19

Над 350 доктори од цел свет тврдат дека има се поголем број докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес (и тип 1 и тип 2) кај некои пациенти, една подгрупа од нив дури тврди дека ковидот може создал целосно нова форма на дијабетес.

Истрагата ја започнува професорот од Кралскиот колеџ во Лондон, Франческо Рубино, кој заедно со колегите поставува регистар на случаи на дијабетес предизвикан од ковид.

„Во изминатите неколку месеци гледаме се повеќе случаи на пациенти кои или развиле дијабетес додека биле болни од ковид-19 или кратко по тоа. Сега почнуваме да мислиме дека навистина има поврзаност - дека вирусот има способност да предизвика проблеми во обработувањето на шеќерот,“ објаснува Рубино.

Инаку веќе се знае дека пациентите со дијабетес имаат повисок ризик од сериозни компликации со ковид-19, па заради тоа и се на приоритетната листа во Британија за вакцинирање. Новиот страв на докторите е начинот на кој ковид-19 ги пенетрира органите, и врската меѓу останатите вируси и дијабетес.

Хипотезата на научниците е дека сарс-ков-2 успева да пенетрира во повеќе органи користејќи го „рецепторот АЦЕ-2“. Меѓу нив е и панкреасот, каде го нарушува обработувањето на шеќерот. Друго можно објаснување е дека претераната реакција на организмот за одбрана од вирусот, ги напаѓа и органите што се клучни за одржување на нивоата на гликоза.

„Сега, сè ова се теории... теории кои не се филозофски туку се базираат на биологија и искуството со други вируси,“ објаснува Рубино.

 

izvor - https://off.net.mk/




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани