Театарот со мачки во Москва ги освојува срцата на публиката веќе три децении.
  Објавено на
share

Театарот со мачки во Москва ги освојува срцата на публиката веќе три децении.

 Театарот со мачки во Москва е единствено место на светот каде веќе три децении се играат представи во кои главни актери се мачките

  

Pozorište mačaka iz Moskve osvaja srca publike već tri decenije (VIDEO)
 
 Foto: Profimedia
 

Ансамблот со мачки во московскиот театар изведува интересни перформанси на велосипед, на жици и со други акробатски реквизити, а најголеми ѕвезди на мачкешкото актерство уживаат во луксузно сместување и имаат посебен третман.

“Мачката не прави ништо под присилба, но може со нив да се постигне договор со оглед на нивните природни способности и потреби. Доколку тука има љубов и заемна почит, успехот доаѓа сам од себе. Невозможно е зад кулисите да ја казниш мачката, а потоа да очекуваш од неа на сцената да настапи и изведе перформанс. Со мачките тоа не оди така, изјави Дмитриј Куклачев, заменик директор на театарот.

Театарот со мачки ја основа Јуриј Куклачев во далечната 1990 и со цел да својата кариера на циркуски кловн ја направи уште поединствена и поинтересна. Во целиот проект му помага синот Димитриј кој исто така има исклучително уметнички таленти.

Димитриј изјави дека во театарот има преку 200 мачки кои глумат во 12 представи, а дека тука чуваат и 30 мачки кои се во пензија

Foto: Profimedia

“На публиката и нудиме 12 представи. Ова  гордост го истакнувам тоа бидеејќи во споредба со драмските театри нам ни треба далеку повеќе време, околу 5 години, за да подготвиме нова предства“, изјави Димитриј. 

Тој додаде дека на представите им претходи и голем ангажман и процес за бирање, а потоа и тренинг на мачките за да бидат спремни за излегување на сцената.

Foto: Profimedia

“Мачките мора да се здрави, да имаат различни таленти, да бидат ведри и весели. Како го забележуваме тоа кај мачките? Па, едноставно мора да биде љубопитна и да ги истражува сите детали во просторот. Ако го прави така, тоа е прв знак дека дека има уметнички талент.  откако ќе утврдиме постоење на талентот, следуваат прегледи за психофизичко здравје на мачката“, ни појасни.

Меѓу најпознатите актери на Московскиот мачешки театар е мачорот Борис кој глуми и во реклами за храна за мачки.

https://www.youtube.com/watch?v=wL1Nqu4AXzc

преземено од National Geographic




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани