Кина слета на Марс - медиумска шта-ма!? Кинескиот ровер Журонг, ги испрати првите слики од Марс
  Објавено на
share

 Кина слета на Марс - медиумска шта-ма!?

Кинескиот ровер Журонг, ги испрати првите слики од Марс 

 

Првата кинеска сонда што слета на Марс минатата недела, ги испрати и првите фотографии од „Црвената Планета“. Роверот „Џуронг“ прицврстен за слетувач ја проби атмосферата на Марс минатата сабота.

Кина е првата земја што успешно инсталира сонда за време на својата прва мисија на Марс. „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци откако таму слета американскиот ровер „Упорност“.

Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) објави слики направени од роверот, на кои се гледа системот за избегнување препреки и соларните панели, како и почвата на Марс. Возилото се очекува да работи три месеци, при што кое ќе се собираат податоци, фотографии и примероци од опкружувањето.

Кина со ова се обидува да се приближи до Русија и САД, кои со децении ја истражуваат Вселената. Кинеските власти минатиот месец успешно го лансираа првиот модул за својата идна вселенска станица во Земјината орбита. Оттаму се надеваат дека станицата ќе може да ги прими првите луѓе до 2022 година, а потоа Кина ќе се стреми да испраќа луѓе и на Месечината.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани