ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА КАЛИФОРНИЈА
  Објавено на
share

ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА КАЛИФОРНИЈА


Калифорнија е НАЈСОЦИЈАЛНАТА држава во Америка, што ќе рече најмногу државни средства се одвојуваат за сиромашните, постарите, пропаднатите фирми... за бесплатно образование, бонови за храна, станови за бездомни, море работнички права, силни синдикати, итн, итн, итн. Тоа е оној полу-комунистички модел кој доминира во Европа, против кој сум зборувал и пишувал многу... и за кој сметам дека го има упропастено, дека го има тешко оштетено Стариот Континент... за што ми е искрено многу жал.

За да ја финансира сопствената социјална политика, Калифорнија има највисоки даноци, убедливо најскапа енергија, најскапи недвижности. Дозволите за приватен бизнис се исто така многу комплицирани, работничките закони се построги, а богами и оние еколошките. Како резултат на тоа, малите и средни бизниси масовно ја напуштаат државата, оставајки позади себе невработеност и се поголема сиромаштија...како и цени на живот се потешко достапни за обичниот човек. Калифорнија е уште еден доказ, дека дури и во мали дози, СОЦИЈАЛИЗМОТ Е ОТРОВ, а не лек за животниот стандард на обичниот човек.
Од 1 Јануари 2021 година, минималната плата во Калифорнија е 14 долари за еден час. Двојно повеќе од Тексас, каде минималната плата е 7,25 долари за еден час. Каде е животот подобар, во Калифорнија или во Тексас? Одговор дава фактот дека 2 милиони жители на Калифорнија во последнава деценија се преселиле во Тексас.
Во Калифорнија персоналниот данок на плата е од 6% до 33%, во зависност од заработката. Толку плаќате за државата да изигрува бејбиситер на возрасните и зрели луѓе. На ова додадете ги и федералните даноци кои ги плаќате на Вашингтон... и што останува за обичниот човек?
Во Тексас, персоналниот данок е 0 (НУЛА) %... не плаќате НИШТО од вашата плата на државата. Плаќате само ФЕДЕРАЛЕН персонален данок на Вашингтон, со што за обичниот човек остануваат многу повеќе пари.
Кој е крајниот резултат?
Тексас е една од најпросперитетните американски сојузни држави, со најмногу мали стартап-компании, па дури и големите се повеќе се селат во Тексас. Тесла на Елон Маск, на пример, Oracle, Нестле, како и 18.000 други компании со различна големина. Растот на платите (цената на трудот) расте најбрзо, цените на живот се меѓу најниските во цела Америка... и нормално, приливот на жители од останатите држави е најголем.
Таквиот пример го следат и други држави од Југот на САД, па дури имаат и поголем успех од Тексас. Сев. и Јужна Кaролина, Џорџија, Тенеси, и особено Флорида. Таквиот пример го следат и некои држави од северот на САД, како Њу Хемпшир, Ајдахо и и во помала мера Мичиген и Охајо...и тие исто така бележат добри стапки на раст.
Наједонставно кажано, секаде каде што има помалку социјална политика (читај социјализам) економскиот раст е поголем, се отвораат нови работни места, малите даноци носат певтини животни трошоци и помали трошоци за компаниите.
И сега се поставува прашањето:
Зошто Калифорнија и државите како неа, НЕ гласаат против Демократите, кои се носители на таквиот социјализам?
Бидејки Демократите се служат со РАСНА ДЕМАГОГИЈА!
Односно, секогаш кога ќе ги изгубат аргументите во економијата, тие продаваат теорија според која Републиканците биле расисти. И не само тоа, Демократите се служат со манипулација на поединечните групи, од кои најтаргетирани се ЛГБТ популацијата. Според нив, победа за Републиканците би значела помалку права за ЛГБТ заедницата, односно нова сегрегација за црнците.
Како и да е, на крајот од целата приказна, грешките на социјализмот, никако не треба да му се припишуваат на капитализмот. Калифорнија некогаш била Golden State-Златна Држава. Денес сеуште НЕ е како земја од Варшавскиот Пакт, сеуште е делаку од тоа, ама со крупни чекори оди во тој правец... додека причините за таквата промена немаат врска со капитализмот како економски систем. Впрочем, дури и MS NBC телевизијата блиска до Демократите, неможе да ги сокрие овие факти.
 
https://www.youtube.com/watch?v=Ez90rXhMWjE
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани