Од 11 до 15 јуни нема да работи системот на МВР за прием и издавање на лични документи
  Објавено на
share

 

Од 11 до 15 јуни нема да работи системот на МВР за прием и издавање на лични документи


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Готовите лични документи може да се подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани