Компанијата Tesla неодамна објави нов заштитен знак за својот бренд под ресторански услуги, што е сигнал дека компанијата конечно се подготвува да ја реализира идејата за која извршниот директор Елон Маск и другите директори на компанијата зборуваат јавно од 2017 година.

Компанијата аплицираше за нови трговски марки кои ќе ги опфаќаат категориите „restaurant services, pop-up restaurant services, self-service restaurant services и take-out restaurant services“.

Уште во 2017 година, тогашниот технички директор на Tesla, JB Straubel, на конференцијата посветена на примената на технологијата во рестораните, рече дека компанијата може да влезе и во оваа индустрија. Идејата беше станиците за полнење на електричните возила да се претворат во продавници каде исто така ќе се служи храна.

Тесла веќе го тестираше ова кога воведе мал киоск кој нуди храна и пијалоци на станица за полнење во Калифорнија, и сега тие сакаат да го подигнат на многу повисоко ниво.

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, тогаш ја прошири идејата за продавница за малопродажба и, како и обично, ја претстави на Твитер идејата за отворање на  „олд скул“ ресторан на една од станиците за полнење на електрични возила во Лос Анџелес.

 

Неколку месеци подоцна, Tesla аплицираше да отвори ресторан и станица за полнење за електрични возила, но оттогаш компанијата и нејзиниот основач се релативно тивки за потенцијален деловен потфат.

Ланецот ресторани на Tesla ќе биде украсен со голема буква Т од логото на компанијата, а Маск и неговиот тим исто така поднеле барање за заштитен знак на името Тесла за потребите на ресторанот.

За да бидат уште поинтересни за посетителите, рестораните за суперполначи на Tesla ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии кои ја красат автомобилската компанија на Маск, па може да видиме дури и келнер-робот со автопилот на Tesla.