Беше жешко и сакаме пак, но научниците предупредуваат - најжешко досега
  Објавено на
share

 Беше жешко и сакаме пак, но научниците предупредуваат - најжешко досега 

 

Европските научници тврдат: Ова лето е најтоплото во историјата на мерењата

 

Mapping the hottest temperatures around the world | Climate News | Al  Jazeera

Европа оваа година го имаше најтоплото лето во историјата на мерењата, но незначително потопло од двата претходни рекорди за периодот од јуни до август, објавија научниците од Европската унија.

 

 

Европскиот програм „Коперник“ кој ги следи климатските промени, објави дека просечните температури од јуни до август биле речиси за еден степен повисоки во однос на истиот период од 1991 до 2020 година, што го прави најтопло лето досега.

Претходните рекорди беа измерени во 2010 и 2018 година.

Жешкото лето оваа година е последно во долгорочниот тренд на глобално затоплување и климатски промени предизвикани од емисијата на стакленичките гасови, пренесува „Ројтерс“.

Медитеранските земји со рекордно високи температури

Climate in Norway 2100

„Коперник“ има записи за климата од 1950 година, но се користат и други бази на податоци кои датираат од средината на 19-от век.

Во соопштението се наведува дека месец август оваа година заедно со август 2017 година бил третиот најтопол месец на глобално ниво во историјата на мерењета и бил за 0,3 Целзиусови степени потопол од просекот помеѓу 1991 и 2020 година.

Во Европа, август 2021 година бил близу просекот од тој период, но не на целиот континент. Медитеранските земји имаа рекордно високи температури, истокот на континентот имаше натпросечно топло време, а северот потпросечни температури.

Еколошките организации во вторникот повикаа да се одложи климатската конференција „COP26“ која веќе еднаш беше одложена минатата година поради пандемијата, а треба да се одржи од 31-ти октомври до 12-ти ноември во Глазгов.

На конференцијата вообичаено учествуваат делегати од повеќе од 190 држави, но бројни земји моментално се борат со новиот бран на коронавирус и набавката на вакцини, па затоа настанот би требало да се откаже, објави Мрежата за климатска акција (CAN).

Share
 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани