Македонски пошти утре на штрајк, бидејќи не зеле плата, а никој не им кажува зошто им доцни
  Објавено на
share

 

Македонски пошти утре на штрајк, бидејќи не зеле плата, а никој не им кажува зошто им доцни

Од март в година повторно плаќање сметки преку националната Пошта - IPortal

Врие во Македонски пошти, поради доцнење на септемвриската плата дел од вработените во изминатите денови одбиле да излезат на терен, дознава  ТВ 24.

Вработените се револтирани бидејќи платата им доцни речиси половина месец и не добивале образложение зошто е доцнењето. Од поштенскиот синдикат ги потврдуваат информациите дека постои незадоволство поради доцнењето на платата и велат дека со мирен предупредувачки протест вработените во Македонски пошти, утре за време на паузата во сите поштенски објекти во земјава, ќе го искажат своето незадоволство од лошите услови во кои работат и загриженоста поради платите кои не ги земале за овој месец.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани