Наскоро нова француска вакцина против корона – Валнева за која се утврди дека е далку помоќна од Астра Зенека.
  Објавено на
share

 

 

Наскоро нова француска вакцина против корона – Валнева за која се утврди дека е далку помоќна од Астра Зенека

 

Вакцината против коронавирус, Валнева, која Велика Британија ја откажа минатиот месец откако претходно нарача 100 милиони дози, се покажа многу добро во зајакнување на имунитетот во борба против Ковид-19, покажаа резултатите од третата фаза на клиничкото испитување.

Valneva vaccine produces 'stronger immune response' than Oxford jab, French  firm says | The Independent

Крвните анализи од волонтерите кои ја примиле вакцината покажале високо ниво на неутрализирачки антитела против Ковид-19, пренесува „BBC“.

Француската фармацевтска компанија Валнева додава дека нејзината вакцина во овој сегмент, врз основа на тестирањата, покажала посилен одговор во споредба со вакцината на АстраЗенека.

 Валнева, која има фабрика во Шкотска, бара одобрение од регулаторното тело на Велика Британија, а наскоро ќе подготви и документација и за одобрување од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани