ИЗРАЕЛ ПРЕД ПОТПОЛНО УКИНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ- ЗАКЛУЧИЛЕ ДЕКА НЕМААТ ЛОГИКА
  Објавено на
share

ИЗРАЕЛ ПРЕД ПОТПОЛНО УКИНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ- ЗАКЛУЧИЛЕ ДЕКА НЕМААТ ЛОГИКА 

Израел е на чекор да ги укине ковид сертификтите. Против ковид-потврдите, кои во Израел се наречени зелени пропусници, се изјасни израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман, пренесува Џерусалем пост.

 

„Нема медицинска ниту епидемиолошка логика во зелените пропусници, како што заклучуваат многу експерти. Она што постои е директна штета на економијата, на секојдневното функционирање и, дополнително, значително придонесува во јавната паника. Работам со сите засегнати страни за да ги елиминираме зелените пропусници и да ја одржиме нормалната рутина, за сите нас“, вели тој.

Засега само луѓето што биле вакцинирани, прележани или тестирани претходниот ден (во последните 72 часа во исклучителни случаи) имаат пристап до некои активности и објекти, а во некои случаи и на работното место.

Израел деновиве имаше над 65.000 случаи на коронавирусот на дневно ниво. 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани