ЕДНА ГОДИНА – ПРЕМИУМ СПОРТ ЦЕНТАР, НАЈСОВРЕМЕН ЦЕНТАР КОЈ НУДИ ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ
  Објавено на
share

ЕДНА ГОДИНА – ПРЕМИУМ СПОРТ ЦЕНТАР, НАЈСОВРЕМЕН  ЦЕНТАР КОЈ НУДИ ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ

Најмодерно опремениот центар за здрав живот во земјава заокружи една година од отворањето. Премиум спорт центар нуди комплетно интегрирана грижа, физикална терапија, медицинска и спортска рехабилитација, совети за здрава исхрана, масажи, парна бања и финска сауна. По повод првиот роденден на Премиум спорт центар, месецов се реализираат низа спортски активности, попусти за членарини, како и бесплатни проверки на телесен состав за одредување на моменталната физичка подготвеност.

Уникатен пристап и комфор

Премиум спорт центарот е распространет на површина од 1 130 квадратни метри и е уникатен по ограничување на број посетители во одреден термин. Дозволена е посета на 10 лица по термин, за да им се овозможи на клиентите комфор, релаксација и приватност. Центарот е единствен и уникатен и по тоа што секој посетител пред да почне со вежбање прави физикален преглед и InBody scan (детален приказ на целото тело), со што се одредува степенот на моментална подготвеност на телото за почеток на тренинг и понатаму овозможува евалуација на резултатите од физичката активност. Дополнително, секој клиент поминува основен кардиолошки преглед и прави лабораториска анализа на крвта.

Придобивки од вежбањето 

Во динамичното секојдневје исполнето со предизвици, вежбањето е најмалку што можете да сторите за своето здравје. Покрај добриот изглед, вежбањето помага и за намалување на стресот, регулирање на шеќерот во крвта, намалување на триглицеридите, зголемување на HDL, односно добриот холестерол, подобрување на сонот и целосното расположение. Сите тренинзи се одвиваат под надзор на сертифицирани и искусни тренери со над 10-годишно искуство зад себе, а тимот е составен од 7 тренери, кои со своето богато искуство се постојано достапни за клиентите. Во центарот се нуди можност како за индивидуални тренинзи, така и за тренинзи со свој личен тренер со најсовремена опрема од реномираниот бренд „Техноџим“. Пристапот е професионален и е насочен кон програмирање на тренинзите на секој клиент посебно, а тренинзите можат да се одвиваат под мониторинг на физиотерапевтите, физијатрите и нутриционистите, благодарение на комплетно интегрираниот пристап што го нуди Премиум физикал терапи & спорт центарот.

Групни тренинзи

Покрај индивидуалните програми, достапни се и часови за групни вежби. Во изминатиот период, воведени се часови по аерокик, тотал боди, јога за трудници.  Групите се мали, со ограничен број членови за да им се посвети на сите еднакво внимание, а ги водат професионални инструктори. Овие часови предизвикаа голем интерес и одѕив од страна на рекреативците. Часовите се изведуваат два до три пати неделно, а сите заинтересирани можат првиот час да закажат пробен тренинг и да се запознаат со можностите што ги нуди центарот.

Реформер и кадилак пилатес

Центарот располага и со специјални справи за реформер и кадилак пилатес, кои се новина во земјава. Тренинзите на оваа справа се идеални за затегнување на мускулатурата, трошење калории и намалување телесна тежина. Реформер и кадилак е одличен за одржување на кондицијата, подобрување на перформансот при изведување на други спортски активности бидејќи фокусот е секогаш на зајакнување на јадрото.

Роденденска промоција

По повод прославата за првиот роденден, Премиум спорт центарот подготви бенефиции за новите и актуелни клиенти:

·         почнувајќи од 1 мај, може да го искористите промотивниот попуст за тримесечна членарина по цена од 9.999 денари.

·         50 бесплатни проценки на телесен состав и моментална подготвеност на телото

·         бесплатен промо тренинг за групните часови, како и бесплатна промо недела.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани