Пожар и земјотрес во болнички услови – тимот на „Аџибадем Систина“ подготвен за брза евакуација и прва помош
  Објавено на
share

 

Пожар и земјотрес во болнички услови – тимот на „Аџибадем Систина“ подготвен за брза евакуација и прва помош

 

Брза евакуација на пациенти,посетители и персонал, пружање прва медицинска помош и заштита од дополнителни пожари во случај на земјотрес беа предизвиците на кои успешно одговори тимот на „Аџибадем Систина“. Над 150 вработени во болницата беа дел од денешната, десетта по ред симулациска вежба каде се оценуваше подготвеноста на тимот во случај на природна катастрофа. 

Комплексната вежба се реализираше во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кои со свои тимови и опрема земаа активно учество во справувањето со последиците од земјотрес и пожар. 

„Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има разработено навистина сериозен план за заштита и безбедност во случај на појава на катастрофални појави, а денешната успешна вежба е доказ дека тој план не е само во пишана форма туку и успешно може да се реализира. Веќе десет години работиме на оваа проблематика, а опремата што ја имаме во моментот и обученоста што ја поседува персоналот даваат гаранција за успешно справување со вонредни настани. Ваквиот тип вежби се од големо значење, бидејќи природните катастрофи се непредвидливи состојби и затоа треба целокупниот персонал да биде подготвен да одговори во секое време. Ова значи и сигурност за пациентите, бидејќи знаат дека болницата прави напори да бидат максимално заштитени“, изјави Марјанчо Јаневски, командир на Единицата за заштита и спасување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Вежбата е во согласност со одредбите од Законот за заштита и спасување според утврдени протоколи за реакција во кризни ситуации.  Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено-одговорна компанија, ваквиот тип вежби ги практикува секоја година, а заложбата на целокупниот персонал во спроведување на предвидениот план е од големо значење за безбедноста на пациентите во вонредни услови.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани