Навивачката група „Балисти“ славеше јубилеј со извици „Каурски пи*ки!“
  Објавено на
share

 Навивачката група „Балисти“ славеше јубилеј со извици „Каурски пи*ки!“

 

„Каурски пи*ки!“ – со ваквите етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вечерва навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.

Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, кој ја објави следната вест: „Навивачката група Балисти денеска полни 30 години. На овој 30-годишен јубилеј прославија како никогаш досега. Тетово изгледа само црвено-црно. И во овие моменти Тетово е блокирано од црвено-црните бои и од балистите, кои извикуваат и пеат разни песни за празниците на Ноември“.

Вечерва беа испукани и огномети. Полицијата го обезбедуваше „славеничкиот марш“ на навивачката група „Балисти“ низ улиците на Тетово.

Во Македонија изразот каурин се користи за навредливо именување на немуслиманите како неверници. Изразот пи*ка е популарен назив за женски полов орган но и за означување на некој што е плашлив.

Линк до видеото https://www.facebook.com/tetovasot.mk/videos/885350995791072/

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани