2001 Кјубрик трејлер - повторно објавување
Објавено на

Не знам точно од кои причини, но спектакуларното ремек дело и еден од најдобрите филмови на сите времиња Одисеја 2001, која за мене лично  Е најдобар од се што досега е снимено, повторно се реинкарнира трејлерот за ова врвно дело на филмската уметност.

Во време на спектакуларна графика и акутно губење на она што е приказна, сторија, продуховеност, логично е во време на масовно производство на бижутериски продукти инстиктивно да се вртиме кон трајните вредности.

И повторно, после децении, ме плени, окупира, залепува за столица, ме фасцинира и одушевува со својата тишина, слика, со камера која не ти прикажува туку те вовлекува во настаните, со одсуство на дијалог и бавност на приказна достојна на големите руски масјтори, Кјубрик ја наслика живописот на идното време со сите суштествени прашања кои се провлекуваат од самиот почеток.

Дали неискажаното остава простор за сопствено тумачење или длабочината на Кјубрик е еднакво на Тесла, Шопенхауер, Ајнштајн, Декарт, Дилан и од светите оци кои пророкувале, ќе биде предмет на обзервација анализа и дебата на генерации во еоините кои доаѓаат.

Ова е дело кое го целивам како икона , како глас од другата страна кој стигнал преку затворената уста на Кјубрик, глас од димензија непојмлива за нас, несватлива во своето своршенство на катализаторот на свеста, крстосницата на историјата, порталот кон другиот свет - Монолитот.

Ова е монолитот на кинематографијата кој ќе остане вечно во мистерија и никогаш нема да биде до крај протумачен. Ова е едиствената творба од простор некадарен да просветли но со ова дело се искупува засекогаш. Филм кој те тера да созерцуваш и трепериш ...

Се плашам, Дејв ....




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани