Почина Хинки - Бог да го прости
Објавено на

 Си замина уште еден стројкаш еден од онние кои оставија трага. Долго работевме заедно и имавме обострана почит. Хинки беше мојот македонски Кит Ричард во уметноста.
Се запознавме така што ми влезе во студио додека одеше камелеон на хенкок и Хедахнтерсите, влезе и рече, конечно нешто добро некој да пушти на ова радио и ја свртевме 3 пати во живо во програма.

ова е официјалното соопштение  

Почина уметникот Златко Трајковски Хинки  

 

Почина уметникот Златко Трајковски Хинки
 

Златко Трајковски Хинки, роден 1960 година во Скопје беше уметник кој почнувајќи со своето творештво во средината на 1980-те години, остави голема трага во новите форми на уметнички практики во Македонија, и е еден од членовите на уметничката група „Зеро“.

„Благословена сум што те имав и што сn4; уште си мој брат. Го имавме најголемото богатство – нашата взаемна љубов“, напиша во пост на Фејсбук неговата сестра Катица Трајковска – Абјаниќ.

Во неговата биографија е запишано следното:

Студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорите Димитар Малиданов и Димче Николов.

Од 1986 година почнува да се занимава со колажи, со кои најпрво изведува анимации во видеопроекти, а подоцна ја користи оваа техника самостојно, често внесувајќи ги овие дела во своите инсталации. Од 1987 година се занимава со видео: „Closeness“, 1987 (со А. Станкоски и Х. Попдучев); „The Song of Love“ (со А. Станковски), „Кокино“ (со А. Станковски и Д. Абјаниќ), 1996, „Драма на Прогонот“.

Во 1991 година во Скопје реализира шест перформанси: март, Центар за култура и информации – „За пролетта што нема да дојде“; јуни, Дом на младите „25 мај“ – „Во земјата Мордор“; јули, Куршумли-ан – „Седиште на милосрдието“; октомври, Дом на младите „25 Мај“ – „Ехолалија“; декември, Даут-пашин амам. Во февруари 1995 година, МКЦ – „Ouch Puch“.

Позначајни самостојни изложби: 1988 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје 1989 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје, „Closeness“ 1990 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје (со И. Тошевски) 1993 – Галерија „Мијачки зографи“, Скопје, „Олтар“ 1994 – Музеј на Град Скопје, Скопје 2003 – „Мигдал“ – музичко издание 2006 – Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје, „Re4m“, перформанс.




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани