Вулканизер кој предизвикува вулкански рекации
Објавено на

 Не знаеме колку сте запознати со фактот дека заврши законската забрана за обрзувачки зимски гуми и опрема. Сега можете да ги ставите летните, за да ги штедите зимските. Јас бев кај мојата вулканизерка и ги сменив ... и после ми текна, па зошто? Времето и не е нешто наклонето, подобро е за секој случај уште да ги имам зимските. Се вратив и си платив да ми ги променат повторно. Но таман додека ја стави последната реков, не, не е добро така, закон е закон ... и побарав да се вратат летните.

До крај ги свртевме 6-7 пати и јас длабоко се извинував заради мојата неодлучност. Испивме по 3-4 кафиња кои ми ги наплати како да сме седнати во Валдрф - Асторија, но вредеше, згора, добив гратис центрирање, сега ми е стабилизиран и одлично центриран ... предниот дел. Од автомобилот де.

Перфектно.

Сега барам да купам летни гуми ама за ултра жешко време па за месец дена пак да ги сменам, инаку на балансирање идам два пати неделно и вреди, безбедност е во прашање, е не ќе се зафркаваме.

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани