Освета на пчелите
Објавено на

Да ви раскажеме што гледате на ова видео 

- Доаѓа оса(wasp), - скаут, која трага по кошници со пчели. Ги пронаоѓа пчелите и пред да се врати и ги информира останатите оси, една пчела се жртвува и иако нема никакви шанси. Oсата мора да се бори со неа и ја убива. 

Пчелите немаат ама никаква одбрана против осите и ако неколку оси влезат во нивното легло до една ќе бидат уништени. Оклопот на осите е пресилен и цврст за боцките на пчелите. Затоа, пчелите знаат и не смеат да дозволат осата - скаут да полета и да ги извести другите. 

Во мигот кога осата ја убива малата пчела, е шанса за пчелите кои одеднаш се наврлаат врз осата и потполно ја покриваат. По кратко, осата е мртва. Но не е убиена со боцкање, веќе ви кажавме дека осата има премногу цврст егзоскрлет кој не може да биде пробиен од боцката на пчелата. 

Како тогаш ја убиваат осата? Е ова е спектакуларната чудесија на пчелите. Тие ја зовриваат до смрт. Да, буквално ја покриваат во целост, и почнуваат силно да вибрираат, веднаш температурата се зголемува и осата буквално е жива сварена. 

Но тука не е доволно објаснувањето. Kако и самите пчeли од високата температура не се самоубиваат? 

Штосот е што они толку добро и прецизно знаат дека осата умира на 47 степени а пчелата може да преживее до 48 степени. Точно и прецизно формираат обвивка, вибрираат, генерираат топлина, до толку прецизна, за само еден степен поnиска од она што они би го преживеале.

Фасцинирани? Ние и тоа како сме!




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани