Русите одат на месечината. Ќе проверуваат дали американците слетале таму воопшто
Објавено на
 
Image result for russian on the moon
Русите ќе слетаат на месчината тоа е дефинитивно. Меѓу останатите работи ќе проверат дали мисијата аполо 11 воопшто слетала таму. 
 
Секако дека вакви работи не звучат со научен пристап, но е добро за ПР и анимирање на светкста јавност кој како никогаш досега, благодарејќи на своето не академско туку - јутјуб воспитување се псроветлија со сите можни теории на заговор. А оваа е една од најголемите.
Нејсе

 

Додека во САД, но и во остатокот од светот се поголема популарност добиваат теориите на заговор, се чини дека во Русија одлучиле да ја проверат нивната точност, барем кога станува збор за тоа дали човекот слетал на Месечината.
Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео во кое говори како Русија ќе провери дали астронаутите од САД навистина отишле на Месечината, објави агенцијата АП.
Related image
Американските астронаути слетаа на Месечината во 1969 година, a се чини дека Рогозин во поставената објава се шегува, бидејќи додека говори се смее и ги спушта рамената. Рогозин, всушност, одговараше на прашање дали слетувањето на Месечината навистина се случило.
Во САД има голем број на теории на заговор за тоа дали навистина НАСА слетала на Месечината, додека пак во Русија широко распространето е мислењето дека тоа не се случило.
Засега не е јасно на кој начин Русите ќе ја проверат точноста на оваа теорија на заговор, ниту пак кога тоа ќе се случи.
Инаку, Русија ја прекина својата програма за слетување на Месечината во седумдесеттите години на минатиот век.
 

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани