Околу случувањата во врска со видеото од гостувањето на Бранко Героски во Јади Бурек
Објавено на

 БРАНКО ГЕРОСКИ БЕШЕ ГОСТИН ВО МОЈАТА ЕМИСИЈА ЈАДИ БУРЕК НА 22 АВГУСТ 2019

Сакам да појаснaм некои работи што се случуваше после тоа со видеото.

НИКОЈ ОД ВЛАСТА, НИ СЛУЖБИ ОДВНАТРЕ, НИ ОДНАДВОР НЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ЗАБРАНИ ИЛИ БЛОКИРА - Н И К О Ј !

Имено, како што и вообичаео го правам, снимка од секое гостување го ставам на youtube, пточно на мојот канал на  https://www.youtube.com/user/jadiburek3

Впрочем, ако самите погледнете, поголемиот дел од втората деценија на емисијата, видеата со гости се ставени таму. Често се случувало да добијам писмо со опомена од youtube дека некоја од емисиите содржи матерјал за кој немам авторски права. Најчесто, за музички спот, исечок од филм или дел од некоја странска емисија, па дури и позадина на телевизорот или компјутерот. Да, драги мои, алгоритмите на youtube  се неверојатни во преопзнавањето на авторски заштитени матерјали. И тука нема лутиш. Мое е да се прилагодам најдобро што можам. 

Интервјуто со Героски беше закачено вечерта и беше на располагање на гледачите скоро 24 часа, за кое време направи иљадници гледања. После тоа добив информација од youtube дека е потполно блокирано заради тоа што содржело матерјал, сопственост на АБЦ ЊУС од Албанија. 

Image may contain: 1 person, text

 

Некои мои параноични и самобендисани колеги од ова е направеа "фрка" демек не им давале, цензура, оти се кажал вајстина, дрн, дрн... Во суштина се работи за компјутерска, мрежна, неписменост. 

Имено, блокадата дојде поради пуштање на видео каде Боки ја изнесува ташната со пари, (Луј Витонката де), кое го објави Ла Верита на својот канал. Истото видео беше блокирано и после 24 часа - одблокирано. Секако, некои го искористија тоа да кажат како намерно се замолкнувало, ширење хистерии и слично. Ништо подалеку од вистината, најискрено ви кажувам. еве од мојот пример.

Image may contain: text

 

Имено не напишав никаква поплака во врска со блокадата од youtube (се нарекува dispute). Едноставно седнав на монтажа да ги затемнам деловите каде во интервјуто се појавува тоа видео и на негово место да ставам соодветна порака, со тоа што аудиот тонот ќе си остане, едноставно кажаното сепак ќе се слушне. Но се откажав, сакав мирен викенд па од понеделник да монтирам-демонтирам.

24 часа отако видеото беше блокирано - беше ОДблокирано. Без никакви жалби, поплаки, ништо од моја страна, не сум упатил жалба до никого. Уште помалку од телевизијата, Героски или било кој друг. Мојот јујтјуб канал е мој, и засега, мислам дека имам потполна контрола над него.

Како дојде до сево ова? 

Моја претпоставка е дека и ABCNEWS од Албанија го имаат емитувано истиот матерјал на Ла Верита со поднесување на комплетна документација за регистрирање на официјален медиумск канал уште на почетокот, се што се емитува од кај нив, подлежи на авторски права. И алгоритамот на јутјуб тоа го препознава, ралтивно брзо, автоматски или на поплака. Но исто така, се што се блокира на строгите правила на Јутјуб, подлежи и на проверка од самата компанија и корекација ако автоматската вештачка интелегенција "претера" некаде. Така што матерјал кој оригинално го објави Ла Верита е блокран како туѓ, но е исправено. Тоа е најкратко, од моето сккромно познавање, зошто снимката 24 часа не беше достапна.

Одбивам, не верувам и убеден сум дека некој може или има толку моќ да го запре нешто ако е легално, ако било така воопшто немаше да може да се врати видеото, без големи адвокатски преписки од моја страна, а јас, повторувам, со прст не мрднав.

Затоа се оградувам од сите аматерски, злонамерни и произволни констатации дека некој намерно го прави ова. 

Впрочем, видето го закачив на уште 5 локации и најинтерсно, целата емисија ја имам ставено на Facebook  и имате можност, ако толку ви треба, да ја видите и таму.

https://www.facebook.com/janko.ilkovski/videos/10156108850677030/

Она што е интерсно, е дека видеото на фјезбук има "зврчка", имено, откако го поставив, добив инфо дека дел од копирајтот на видеото припаѓа на Alsat. Да, нашата македонска ТВ станица Алсат и посочено точно за што. Погодивте? Видеото со Боки парите и торбата! Значи и они си ги заштитиле своите содржини, иако ова видео не е нивно и ако се пожалам секако дека нема проблем да ми направи фб но, едноставно не регирам. Зошто? Затоа што сепак видеото не е забрането на фб, немам ама никаква матерјална корист од нејзината гледаност и прикажување, ниту слава пак ми треба, која од вас ја добив и премногу овие децении, но секако многу ме нервира, кога луѓе помалку ја познаваат оваа проблематика од мене, ми кажуваат тероии на заговор за моите или своите видеа.

Никој не ми направи притисок никогаш, ни оваа ни било која власт, јас знам како се води оваа процедура и ако се држам до правилата на ФБ и Јутјуб се друго е не е мој проблем. Така еве, го имате и тука линкот па кој сака - нека повели. 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани