Огромна невработеноста на младите ... во ЕУ
  Објавено на
share

 Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денеска во говор пред Центарот за управување со Европа во Брисел, порача дека реалност во ЕУ е оти невработеноста на младите достигна алармантно ниво, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според Баросо, ситуацијата со големиот број на невработени лица на возраст од 15 до 24 години претставува „губење на човечки ресурси и талент што Европа не може да си го дозволи“.

- Сеопфатна стратегија за поддрша на преминот од училиште кон работа е единствено барање за најголемиот дел од земјите-члени на Европсата унија. Затоа ние ја поставивме т.н. Младинска стратегија, по чија сеопфатна шема ќе стигнеме до сите невработени и неактивни млади лица, истакна Баросо.

Според првиот човек на Еврокомисијата, определен е буџет во износ од шест милијарди евра за помош при вработување на младите.

Но, Баросо побара силна влученост и одредување на финансиски средства и од страна на земјите-члени на ЕУ, со цел справување со невработеност на младите, што достигнува реордни нивоа од над 25 милиони лица.

- Европа како политички проект треба да се базира на цврста верба во нашиот општествен модел, нашата социјална пазарна економија и врз основните вредности. Таа ќе може да просперира само ако им дадеме можности на нашите млади луѓе. Ова е навистина едно од најпознатите егзистенцијални прашања со кои се соочуваме, со цел да немаме изгубена генерација во Европа, додаде Баросо.

здрпано од http://a1on.mk/wordpress/archives/311858




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани