Денес е добар ден да се ...
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

  

 

Рано утрово денот ми започна како холивудска виствижн сцена на идилична слика. Прекрасно сонце и куп птици кои така џагореа, како снаметлива надсинхронизација,  како да имаше некоја едночинка на некој неразбирлив за мене јазик. Иако со сите дневни убави и притисоци од неубави работи понекогаш ми се мотаат стиховите на Џура Јакшич – На Липару. Некако маката те тера сепак да опстанеш и се одржиш, да продолжиш напред. Излегов во дворот, и седев долго под настрешницата од обраснатата Анамска Рака, долго и со полни гради дишев впивајќи го прекрасниот парфем кое како од небо да течеше како мироточива слика и ме поливаше одозгора. Со велосипедот отидов на кеј, возев бавно на топлото сонце. Застанав на брегот на реката и се посунчав на утринското сонце. Како во светлосен митрил да бев облечен. Мир, шум на вода и птици ... се некако ... беше на место ... Господи

Се вратив по некои обврски во центарот и таму гледав сцени од рајот. Стотина ангели во црвено, розово, виолетово танцуваа кои како да сакаа да се ослободат од генталиите за да им пораснат крила и отидат на небо ... ангели играа квадрил ....  

Отидов до продавницата на Југотон, се најдов со едниот сопственик и му реков дека имам чудно барање ... барам да купам плочи, лп, винил ... знам дека одмна нема. Се насмеа и ме покани во канцеларијата. Поразговаравме малку за тоа како таа индустрија скоро комплетно замре и ми покажа некои свои стари очувани плочи кои ги продава ... 100 денари парче ... живо џабе ... купив десетина и заминав дома ...

Во дневната ја извадив од обвивка Травијата, опера која никогаш не сум ја слушал освен во сегменти, а камо ли да и се посветам онака, аудиофилски ...

Ја ставив плочата на грамофонот, го уклучив засилувачот и го преклопив на директен звук, без никакви додатоци и мешања, потполно чист ...  Ја ислушав Травијата и скоро ме насолзи, небаре сум некој мафијашки кум потресен од операта како нивно највозвишено духовност во културата, но стварно беше прекрасно а нема што носталгично да ме врзе со тоа ... едноставно – убавина. Мојот запоставен музички систем преку две децении со импресивен хај фај звук ме стопи како медуза на сонце ...  Потоа Оксижен на Жан Мишел Жар, Камелеонот на Херби Хенкок со Хедхантерс... и ги одложив, морав да ги одложам сите обврски ... ова не можев да го пропуштам

Сега седам ..  пребирам по чувствата и ги преслушувам носталгиите кои навираат неправедно на ваков прекрасен ден. Децата се на школо, они го живеат својот квадрил а јас уживам во звуците и сликите на градот од мојот балкон, над обалкот на Анамската Рака кои ми се мешаат со ехото од музиката која ми се повторува во главата, ариите, мелодиите ... Толку е спокојно се наоколу, кога се некако доаѓа на место, особено во главата па оди долу ... до плексусот...

Ако веќе можам да бирам денес ми е убав ден да заминам, засекогаш, вака, во еквилибриум со се и со секој ... спокој во кој тонеш и лебдиш, со мисла и молитва, со звуци и бои ...

...при тебе  Господи.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани