Заев не е маж
  Објавено на
share

1. Според теоријата на Мухамед Зекири Муки, маж не е Зоран Заев! Зошто? Затоа што не се појавува на интервјуа каде што е покануван повеќе пати. Според што не дојдеш кај мене во емисија" теоријата на талибанецот Муки, НЕ се мажи и Гордан Георгиев, Ивор Мицковски, Ѓорги Спасов, Есад Рахиќ... Не е маж (!!!) и Каролина Астеруд. Секако, и самиот Мухамед Зекири НЕ Е МАЖ. Што, спротивно, значи дека мажи се Кире Наумов и Нано Ружин!

2. Сакав да му се навртам на Сашо Орданоски. Но, Ивица Боцевски пред да замине на одмор во калифатот толку го раскости, го направи ремпере, да е излишно понатамошно бавење со новинаров доктор на науки.

3. Никола Поповски настапи на тема еврообврзница. Се пофали дека во негово време била издадена само една еврообврзница, со ниска камата. Овој човек во бестежинска состојба", како што перфектно го опишува Капитал", односно Љупчо Зиков, заборава дека министер бил само 2-и-пол години. Наместо 8, на пример. И дека немало тогаш светска финансиска и должничка криза.
А ја, пак, ќе заборавам да потсетам дека СДСМ финансиската политика" дубиозите во буџетот ги решаваше со супер" обврзница, без ич камата и без враќање на жута пара. Тоа е ТАТ обврзницата на Свети СДСМ. Пари што не СДСМ, туку ВМРО ги враќаше на штедачите. На оние што не се самоубија.

4. Бев нешто малку на пат. Не сум во тек. Србија ја доби ли милијардата како помош за уништувањето од поплавите што ја вети Бранко Героски? Онаа помош што ќе дошла од ЕУ и САД?

5. Бев нешто малку на пат. Не сум во тек! Мерсал Биљали напиша ли нешто за Монструмите од Смиљковско Езеро? Или се извини ли за прогнозата дадена пред избори кога лажеше дека Пендаровски ќе победел со 150.000 гласа разлика?

6. Бев нешто малку на пат. Не сум во тек! Марјанчо Николов од Велес, и од СДСМ, уште ли бара да најде тендер за субвенции"???

7. Кире Наумов се репринтува со текст во кој го зема во заштита Сорос, односно неговата фондација. Имам едно прашање до Кире: Зошто во сите земји каде што Сорос има свои ограноци таа НВО се залага за лустрација, а само во Македонија е против лустрацијата? Заради Владе Милчин кодошот ли е?

8. Шукер Шурјак пензионираниот коментатор снимил реклама Гуте, Гуте, Гутееее.. Фрухте, Фрухте, Фрухтееее...".

Од друга страна, разбравме дека и поетот коментатор ќе одел во пензија!!! Па, вчера да умрев не ќе знаев дека 12 години сум работел во поетска секција, а не во спортска редакција. Друштво на поети, за среќа не мртви.

9. Дарко Панчев, обожавателот на Ангела Меркел, се повикува на некојси свој пријател кој кажал: Никогаш на пат не ме оставила германска машина". Не знам пријателот, а и Дарко, дали знаат дека Меркел е од Источна Германија, исто како и "вартбург" и "трабант". На тие ли германски машини мислат?

10. Дали наместо 4 авиобилети Скопје Рио за 4-ца коментатори на МТВ за да им дупе види пут поседувајќи 2-3 дена на Копакабана можеше да биде пратен еден што ќе беше таму сите 30 дена? Па ќе можевме да гледаме по неколку извештаи од лице место секој ден на јавниот сервис? Јавниот сервис е тука за да се грижи за плаќачите на радиодифузната такса или за амбициите и травел желбите на коментаторите?

П.С. Студиото и хромата беа очајни. Личеа на шарам-барам емисија за дечиња. Објаснувањето дека на тоа инсистирала ФИФА не држи.  




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани