Во Драчево ново основно училиште - донација од НР Кина
  Објавено на
share

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, заедно со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Џеншун, министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, денеска ја пресекоа лентата и ги отворија вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”.

Отворањето на овој објект претставува исполнување на едно големо ветување дадено пред жителите на општина Кисела Вода, пред се’, на населбата Драчево-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, осврнувајќи се на лошите и недостоинствени услови во бараките изградени во 1964 година во кои беше сместено училиштето и во кои бројни генерации го заокружиле својот образовен процес.

Новото училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” во населбата Драчево се протега на 4500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16000 квадрати ќе има фудбалско игралиште , кошаркарско игралиште , атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Средствата за овој објект се обезбедени како дел од склучениот договор на Владите на Република Македонија и НР Кина за билатерална соработка- наведе министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми во своето обраќање.

Проектот чинеше околу 4 милиони евра, комплетна донација од НР Кина.

-Народна Република Кина, која отсекогаш важела за земја за која вложувањата во образованието се приоритет и со својата донација од 4 милиони евра уште еднаш го докажа тоа, излегувајќи им  во пресрет на потребите на македонските ученици, му се заблагодари градоначалникот Беличанец Алексиќ на кинескиот амбасадор во РМ, Вен Џеншун. Благодарност  беше укажана и на Владата на Република Македонија без чија помош ништо од ова немаше да биде можно.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани