Нови инвестиции, нови работни места, машала ... Интервју на Груевски
  Објавено на
share

На при­мер, ед­на ком­па­ни­ја што е сме­сте­на во Гер­ма­ни­ја има ин­тер­на од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во ТИРЗ Скоп­је 2 во фа­бри­ка за про­из­водс­тво на еле­ктрич­ни уре­ди, оваа ин­ве­сти­ци­ја би соз­да­ла нај­мал­ку 500 ра­бот­ни ме­ста, од кои го­лем број би би­ле струч­но обра­зо­ва­ни ка­дри, ка­ко ин­же­не­ри и дру­ги тех­нич­ки ли­ца.

Гло­бал­на кор­по­ра­ци­ја , ком­па­ни­ја од САД од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, ко­ја има око­лу 3.000 вра­бо­те­ни, има до­не­се­но од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње во ТИРЗ Скоп­је 1, ка­де ве­ќе се ре­зер­ви­ра­ни и пар­це­ли со вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу пет хе­кта­ри. Вкуп­на­та ин­ве­сти­ци­ја ќе из­не­су­ва 14,7 ми­ли­о­ни евра и пла­ни­ра­ат да отво­рат вкуп­но 417 но­ви ра­бот­ни ме­ста до крај на 2016 го­ди­на.

 

Еко­но­ми­сти­те ве­лат де­ка по­крај трен­дот на прив­ле­ку­ва­ње но­ви ин­ве­сти­ции, до­бар по­ка­за­тел е и тоа што не­кои ком­па­нии, кои ве­ќе има­ат отво­ре­но фа­бри­ки кај нас, се ре­ша­ва­ат да отво­рат но­ви ка­па­ци­те­ти. Кол­ку по­ма­га тоа во по­до­бру­ва­ње­то на ими­џот на Ма­ке­до­ни­ја кон стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри?

Гру­ев­ски: Би ре­кол, мно­гу. Тоа е ед­на од нај­сил­ни­те га­ран­ции де­ка тоа што ние го ну­ди­ме ов­де во смис­ла на ус­ло­ви за во­де­ње биз­нис и за ре­а­ли­за­ци­ја на ин­ве­сти­ции е до­бро за ин­ве­сти­то­ри­те. За­тоа и јас че­сто ко­га оди­ме на ро­уд-шо­у­а­та или, пак, ко­га имам сред­би со прет­став­ни­ци на стран­ски ком­па­нии што има­ат ана­ли­зи да го ши­рат сво­е­то про­из­водс­тво во Евро­па и кај кои Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од оп­ци­и­те, по­крај тоа што ги об­јас­ну­вам по­вол­но­сти­те што мо­же да ги до­би­јат ту­ка во пог­лед на нај­ни­ски­те тро­шо­ци за во­де­ње биз­нис, ни­ски­те да­но­ци, до­бра­та ра­бот­на си­ла и слич­но, на кра­јот се­ко­гаш им ве­лам да ги по­се­тат стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри што ве­ќе ра­бо­тат кај нас и има­ат ка­па­ци­те­ти и со нив да раз­го­ва­ра­ат да­ли ова што јас и мо­јот еко­ном­ски тим го го­во­ри­ме е ви­сти­на или не е. Зна­е­те, ние ка­ко вла­да пре­зен­ти­ра­ме и образ­ло­жу­ва­ме, но по­тен­ци­јал­ни­те ин­ве­сти­то­ри, кои ве­ќе ра­бо­тат во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же нај­до­бро да има ка­жат ка­ко сто­јат ра­бо­ти­те. Ме­ѓу нив не­ма ра­ка­ви­ци, не­ма за­ви­се­ни фор­ми или, пак, не­ка­кви раз­у­ба­ву­ва­ња на со­стој­би­те, тие мо­жат експ­ли­цит­но да им по­твр­дат де­ка тоа што го го­во­ри­ме е та­ка. И за­тоа мно­гу зна­ча­ен еле­мент е ко­га овие по­стој­ни ин­ве­сти­то­ри ќе им ка­жат де­ка сn4; што збо­ру­ва­ме е ви­сти­на, де­ка ус­ло­ви­те се мно­гу по­зи­тив­ни, де­ка не­ма­ат ад­ми­ни­стра­тив­ни преч­ки и де­ка мо­жат да ги до­би­јат ми­ни­стри­те во те­кот на де­нот, и ко­га ќе им ка­жат де­ка по­крај пр­вич­ни­те ин­ве­сти­ции, отво­ра­ат и вто­ри фа­бри­ки, па и тре­ти, то­гаш има­ме полн по­го­док и ин­ве­сти­то­ри­те се ре­ша­ва­ат по­бр­гу да ја до­не­сат ко­неч­на­та од­лу­ка.

Во оваа смис­ла, имам ин­фор­ма­ции од Ви­ктор Ми­зо де­ка од ед­на ком­па­ни­ја, ко­ја ве­ќе има ка­па­ци­те­ти во зо­на­та, ни е нај­а­ве­но до­пол­ни­тел­но про­ши­ру­ва­ње на ка­па­ци­те­тот, од­нос­но из­град­ба на тре­та фа­за, за што во те­кот на след­на­та не­де­ла би тре­ба­ло да оче­ку­ва­ме и офи­ци­јал­но пис­мо за на­ме­ра. Тоа, се раз­би­ра, е до­бро за­тоа што зна­чи и но­ви вра­бо­ту­ва­ња.

Исто та­ка, ми­ни­сте­рот Пав­ле­ски ме ин­фор­ми­ра­ше де­ка се оче­ку­ва ед­на дру­га стран­ска ком­па­ни­ја, ко­ја ве­ќе има ед­на фа­бри­ка во Ма­ке­до­ни­ја, на­ско­ро да об­ја­ви про­ши­ру­ва­ње и во вто­ра фа­бри­ка, од­нос­но отво­ра­ње нов ка­па­ци­тет ка­де што бро­јот на вра­бо­те­ни би се зго­ле­мил двој­но во од­нос на вра­бо­те­ни­те во нив­на­та пр­ва фа­бри­ка.

Тоа се до­бри ве­сти, а, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те со прив­ле­ку­ва­ње но­ви ком­па­нии, кои до­се­га не­ма­ат ин­ве­сти­ра­но кај нас, од­нос­но до­кол­ку би ин­ве­сти­ра­ле, тоа би би­ло пр­ва нив­на ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја?

Гру­ев­ски: До­бро одат ра­бо­ти­те и на тоа по­ле. Ма­ке­до­ни­ја е ве­ќе на ма­па­та на стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, тоа е де­фи­ни­тив­но. Мо­же да ка­жам де­ка ре­чи­си се­кој ден, еве мо­же­би не се­кој ден, ама по не­кол­ку па­ти во не­де­ла­та, јас имам со­ста­но­ци со прет­став­ни­ци на стран­ски ин­ве­сти­то­ри од кои не­кои се во фи­нал­на фа­за на до­не­су­ва­ње од­лу­ка, од­нос­но ја има­ат Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на од две­те или три­те ко­неч­ни де­сти­на­ции за ре­а­ли­за­ци­ја на ин­ве­сти­ци­ја­та, но имам и сред­би со ком­па­нии што ве­ќе до­не­ле ин­тер­на од­лу­ка во сво­јот ме­наџ­мент, на бор­до­ви­те на ди­ре­кто­ри, да ре­а­ли­зи­ра­ат ин­ве­сти­ци­ја кај нас. Сn4; уште ги не­ма­ат об­ја­ве­но тие де­та­ли во јав­но­ста и ние, се­ка­ко, ги по­чи­ту­ва­ме тие де­лов­ни пра­ви­ла. Но, мо­жам да ка­жам, или да ски­ци­рам око­лу оваа те­ма не­кол­ку по­да­то­ци, кои, од ед­на стра­на, не­ма да ја за­гро­зат биз­нис-ети­ка­та и де­лов­на­та до­вер­ба што ја има­ме со овие ком­па­нии, но, од дру­га стра­на, ќе зна­чат но­ви по­зи­тив­ни ве­сти за на­ши­те гра­ѓа­ни и за еко­но­ми­ја­та.

На при­мер, ед­на ком­па­ни­ја што е сме­сте­на во Гер­ма­ни­ја има ин­тер­на од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во ТИРЗ Скоп­је 2 во фа­бри­ка за про­из­водс­тво на еле­ктрич­ни уре­ди, оваа ин­ве­сти­ци­ја би соз­да­ла нај­мал­ку 500 ра­бот­ни ме­ста, од кои го­лем број би би­ле струч­но обра­зо­ва­ни ка­дри, ка­ко ин­же­не­ри и дру­ги тех­нич­ки ли­ца.

Гло­бал­на кор­по­ра­ци­ја , ком­па­ни­ја од САД од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, ко­ја има око­лу 3.000 вра­бо­те­ни, има до­не­се­но од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње во ТИРЗ Скоп­је 1, ка­де ве­ќе се ре­зер­ви­ра­ни и пар­це­ли со вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу пет хе­кта­ри. Вкуп­на­та ин­ве­сти­ци­ја ќе из­не­су­ва 14,7 ми­ли­о­ни евра и пла­ни­ра­ат да отво­рат вкуп­но 417 но­ви ра­бот­ни ме­ста до крај на 2016 го­ди­на.

Ком­па­ни­ја од Тур­ци­ја има до­не­се­но од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во Ма­ке­до­ни­ја во ка­па­ци­те­ти за про­из­водс­тво на пре­хран­бе­ни про­из­во­ди, кои се ед­ни од по­го­ле­ми­те ди­стри­бу­те­ри на хра­на во Тур­ци­ја. Во те­сен из­бор беа Ма­ке­до­ни­ја и Гер­ма­ни­ја и бе­ше ре­ше­но да ин­ве­сти­ра­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ќе учес­тву­ваа на јав­но еле­ктрон­ско на­да­ва­ње за две пар­це­ли во ед­на оп­шти­на ка­де што не ус­пе­а­ја да се здо­би­јат ста­тус на нај­по­во­лен по­ну­ду­вач. Се разг­ле­ду­ваа и дру­ги пар­це­ли во дру­ги оп­шти­ни и се ре­ши­ја да учес­тву­ва­ат на но­во еле­ктрон­ско јав­но на­да­ва­ње во дру­га оп­шти­на, ка­де што на­да­ва­ње­то е за­ка­жа­но кон сре­ди­на­та на сеп­тем­ври, за пар­це­ла со по­вр­ши­на од око­лу 20.000 ква­драт­ни ме­три.

Аме­ри­кан­ска гло­бал­на ком­па­ни­ја од се­кто­рот за ау­тсор­синг ре­ши ле­то­во да пра­ви екс­пан­зи­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Фир­ма­та пла­ни­ра во кра­ток рок од две-три го­ди­ни да отво­ри но­ви 300 ра­бот­ни ме­ста, а во по­долг рок мо­же тоа да се зго­ле­ми до 1.000 но­ви ра­бот­ни ме­ста. Ком­па­ни­ја­та е гло­бал­на, со по­ве­ќе од ед­на ми­ли­јар­да аме­ри­кан­ски до­ла­ри го­ди­шен обрт и има ло­ка­ции на по­ве­ќе ме­ста низ све­тот и низ Евро­па. Во Ма­ке­до­ни­ја, екс­пан­зи­ја­та ќе би­де во ра­бот­ни ме­ста за под­др­шка на кли­ен­ти со за­ста­пу­ва­ње на за­пад­но­е­вроп­ски­те ја­зи­ци, ка­ко анг­ли­ски, гер­ман­ски, фран­цу­ски, ита­ли­јан­ски, па и не­кои од скан­ди­нав­ски­те ја­зи­ци. Ге­не­рал­но, цел е да се вра­бо­ту­ва­ат лу­ѓе со за­вр­шен фа­кул­тет, ка­ко и по­врат­ни­ци што ра­бо­те­ле во странс­тво, а има­ат искус­тво со ја­зи­ци. Исто та­ка, сn4; по­ве­ќе се обр­ну­ва вни­ма­ние не са­мо на поз­на­ва­ње­то на ја­зи­ци­те, ту­ку и на тех­но­ло­шки­те ве­шти­ни.

Тоа се че­ти­ри но­ви ком­па­нии што до­не­ле од­лу­ка за ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, зна­чи ја оце­ни­ле ка­ко нај­по­вол­на де­сти­на­ци­ја за нив­ни­от биз­нис и оче­ку­ва­ме да об­ја­ват и офи­ци­јал­но во јав­но­ста де­ка вле­гу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја, што ќе го про­дол­жи по­зи­тив­ни­от бран, но ќе зна­чи и но­ви вра­бо­ту­ва­ња и но­ви мож­но­сти.

Исто та­ка, во фи­нал­ни пре­го­во­ри сме со три гло­бал­ни фир­ми, две аме­ри­кан­ски и ед­на гер­ман­ска, кои се со сли­чен ранг ка­ко „Џон­сон кон­тролс“, за екс­пан­зи­ја низ Ма­ке­до­ни­ја. Кон­ку­рен­ци­ја­та е мно­гу агре­сив­на, пра­ви­ме на­по­ри да ги убе­ди­ме за Ма­ке­до­ни­ја, а ло­ка­ци­и­те што се зе­ме­ни пред­вид се гра­до­ви низ Ма­ке­до­ни­ја ка­де што сn4; уште има­ме по­го­ле­ма не­вра­бо­те­ност. Овие фир­ми се од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја и се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме.

Има го­лем ин­те­рес од но­ви ин­ве­сти­то­ри да гра­дат хо­тел­ски ре­сор­ти во Охрид, не­кои од нив тре­ба да пу­штат пис­мо со на­ме­ри во сеп­тем­ври.

Ме­на­џе­рот на ед­на бел­ги­ска ком­па­ни­ја, пак, ко­ја е во де­лов­ни од­но­си со ед­на дру­га ком­па­ни­ја што ве­ќе има фа­бри­ка во Ма­ке­до­ни­ја и ко­ја е спе­ци­ја­ли­зи­ра­на за пре­ра­бо­тка и за обра­бо­тка на ме­тал­ни кон­струк­ции и де­ло­ви што има­ат ши­ро­ка при­ме­на во авто­мо­бил­ска­та и во тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја, еле­ктро­ни­ка­та и дру­ги ти­по­ви ин­ду­стрии, во из­ми­на­ти­те три-че­ти­ри ме­се­ци два­па­ти ос­тва­ри по­се­та во Ма­ке­до­ни­ја и од на­ша стра­на беа по­ну­де­ни по­ве­ќе об­је­кти – про­из­водс­тве­ни ха­ли, со цел за дол­го­ро­чен за­куп. Пла­но­ви­те на ком­па­ни­ја­та се за­куп на про­из­водс­тве­на ха­ла со по­вр­ши­на од 1.500 ква­драт­ни ме­три, но­ви вра­бо­ту­ва­ња на око­лу 100 ли­ца.

И на крај би до­дал де­ка ед­на ме­шо­ви­та аме­ри­кан­ско-за­пад­но европ­ска ин­тер­на­ци­о­нал­на ком­па­ни­ја има до­не­се­но ин­тер­на од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во при­леп­ско-ма­ри­ов­ски­от ре­ги­он. Ин­ве­сти­ци­ја­та за­ви­си од не­кои ре­гу­ла­ти­ви што тре­ба да се спро­ве­дат во Европ­ска­та уни­ја, на кои ком­па­ни­ја­та ра­бо­ти во пос­лед­ни­те две го­ди­ни, а во ме­ѓу­вре­ме неј­зи­ни прет­став­ни­ци ос­тва­ри­ја не­кол­ку по­дол­ги по­се­ти во Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но со нив­ни­те струч­ни ти­мо­ви. Зна­чи, има­ат до­не­се­но од­лу­ка, и до­кол­ку е сn4; во ред со ре­гу­ла­ти­ви­те, тие ќе ин­ве­сти­ра­ат кај нас, до­кол­ку не се до­го­во­рат тие ре­гу­ла­ти­ви, не­ма да ин­ве­сти­ра­ат ни­ка­де. Оваа ин­ве­сти­ци­ја би има­ла нај­мал­ку 1.000 вра­бо­ту­ва­ња во При­леп и во окол­ни­от ру­ра­лен ре­ги­он.

Има и дру­ги на кои во мо­мен­тов не мо­жам да се се­там со си­те де­та­ли и не би ги спо­ме­ну­вал, но, ка­ко што ре­ков, ра­бо­ти­те одат до­бро и јас оче­ку­вам во ид­ни­от пер­и­од да има­ме но­ви по­зи­тив­ни ве­сти во оваа сфе­ра, ко­ја е ед­на од нај­ус­пеш­ни­те во ре­а­ли­за­ци­ја­та на вла­ди­на­та по­ли­ти­ка.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани