Ерик Грачети поднесе тужба против Коце Трајановски
  Објавено на
share

Поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави, градски метеж, штети и што уште не , граѓаните на населба Анџели во прекуморско-атлатнско - пацифичка Македонија, на референдум гласаа и побараа нивниот градоначалник да поднесе тужба и барање за неотповиклива оставка на Коце Трајановски поради поплавите на улците, визбите, скршените дрвја и што уште не во нивната населба. СДСМ се приклучи на оваа тужба, колку да не биде покуса, не за друго.

Доколку Коце не се појави на суд, поради роднинските врски кои ги има градоначалникот на општина Анџелево ќе побара интервенција од НАТО со десант да биде заземена бараката на Коце во Градскиот Парк. Според последните сознанија, Жириновски ноќеска спиел на чергичето пред вратата на канцеларијата за врски на НАТО од пуста радост кога разбрал за планот на НАТО, будучи он највише од сфите знајува што се крчка у нато у сваки момент, но имал сериозна сугестија НАТО да користи ракети Томахавк за да дистракшнот на бараката и на Коце биде тотална, па успут за да може на тоа место да му даде на неговиот брат по бугаризам - екс премиерот Љубинче да изгради зграда на 17 спрата со 5 кафани и паркинг за 300 коли со три перални, две дискотеки, три коцкарници, осум кладилници и една јавна куча, кои идеално ќе се вклопат во зелениот градски парк. пред камерите на ЛА1 ТВ  Жири 0изјавил - Значи,Коце! Доста ни е од тзи твоите поплави! Оди си. Кога че си отиехш сичко ште бде хубаво! Мерси!

Подвлече на крајот на своето излагање благонадежниот Жириновски од името на граџаните на опчина Лос Анџелес и како доказ ги приложи следниве фотографии од катастрофата во НАШИОТ ГРАД!!!!

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани