17 ИЗУМИ НАПРАВЕНИ ОД ЖЕНИ БЕЗ КОИ СВЕТОТ НЕ БИ БИЛ ИСТ
  Објавено на
share

Ако сте љубител на пивото и ако обожавате да играте "Монопол" со своите пријатели и семејство - дефинитивно треба да им се заблагодарите на овие жени гении.

Греење во автомобил

Првото греење во автомобил, кој го насочувало воздухот од машината до ладните стапала на аристократите од 19-от век е дизајниран од Маргарет А. Вилкокс во 1893 година.

Монопол

Една од најпознатите друштвени игри во историјата, наменета за сите возрасти е измислена од Елизабет Меги во 1904 година. Првичното име на играта било “The Landlord’s Game”.

Сплав за спасување

Еден ден во 1882 година, Марија Бисли погледнала кон морето и ги измислила сплавовите со цел да спаси многу човечки животи. Бисли исто така измислила машина за правење бочви.

Соларно греење

Др.Марија Телкес заедно со Елеонор Рејмонд го изградиле првиот дом со соларно греење и тоа во 1947 година.

Медицински шприц

Во 1899 година, Летиција Гир го дизајнирала првиот медицински шприц со кој можело да се ракува со една рака.

Модерниот фрижидер

Флоренс Парпарт го дизајнирала модерниот електричен фрижидер во 1914 година. Во 1900 година, Парпарт исто така ја патентирала машината за чистење улици.

Електрична машина за сладолед

Ненси Џонсон го измислила фрижидерот за сладолед во 1843, патентирајќи дизајн кој се користи до денес. Благодариме, Ненси.

Компјутерскиот алгоритам

Ада Лавлејс, ќерка на Лорд Бајрон поддржана од својата мајка била шампион во математика. Таа работела со Чарлс Бабиџ на универзитетот во Лондон и заедно ги претставиле плановите за аналитичка машина.

Телекомуникации

Ширли Џексон е првата афроамериканка која докторирала на МИТ во 1973 година. Таа направила основно научно истражување кое овозможило да се измисли преносниот факс, телефон со тонско бирање, соларни ќелии, оптички кабли. Каков гениј!

Машината за миење садови

Машината која ги спасува браковите веќе век и половина, е измислена од Џозефин Кокрејн во 1887 година.

Безжичната технологија

Хеди Ламар дизајнирала таен систем за комуникација за време на втората Светска Војна воедно положувајќи ги технолошките основи за Wi-Fi и GPS.

Видео надзор

Мари вон Британ измислила систем за обезбедување, патентиран во 1969 гдина за да им помогне на луѓето во осигурување на својот имот, затоа што полицијата била многу бавна во одговарање на повиците во нејзиното маало во Њујорк.

Хартиена кеса

Маргарет Најт го добила патентот на својата машина која можела да произведува кеси со квадратно дно.

Централно греење

Заблагодарете и се на Алис Паркер која го измислила системот за централно гасно греење во 1919 година. Иако нејзиниот дизајн никогаш не бил изграден, бил добра основа за сегашното централно греење.

Кевлар

Хемичарката Стефани Кволек го измислила супер цврстиот материјал Кевлар кој се користи за правење панцири. Овој материјал е пет пати посилен од железо.

Компјутерски софтвер

Грејс Муреј Хопер, адмирал во амриканската морнарица, исто била информатичар. Таа го измислила првиот софтвер за бизнис програма.

Пиво

Ах, омилениот пијалок на мажите всушност го измислила жена! Жената чија професија е историчар за пиво, Џејн Пејтон тврди дека древните месопотамски жени биле првите кои го произвеле, продавале и пиеле овој пијалок. Иако не се знае кој точно го измислил, следниот пат кога ќе наздравувате со пиво оддадете и чест на Нинкаси, сумериската божица на пивото!

post cover photo

извор - ladybook

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани