Оф! „Како је лепо бити глуп“
  Објавено на
share

 

Медиокритетски маршови и востанија во Македонија не се случајност. Овој пат проговори вградената фабричка грешка, која е и главна производствена гранка, да речеме трејдмарк на државава. Сопствениците на оваа индустрија, странски секако, заедно со малите домашни акционери, тргнаа во жестока самоодбрана

Пред две или три години, по повод 8 Март, млада активистка на СДСМ пред новинарите ја објасни акцијата на својата партија на битолчанките да им подари по еден цвет со следниве две бистри констатации „сите мајки се жени“ и „ние не ги делиме жените по пол“. И по толку време, мене не ми избледува чувството на ужасеност и неверица со кое го проследив настанот. До толку повеќе што чупето овие мудрости ги читаше пред своите партиски колеги, наредени зад неа за групна слика. Сакам да кажам, никој не o7; го покри микрофонот, никој батка не o7; го грабна листот на кој некој ги запишал научниве откритија. Се сеќавам дека се прашував како дотичната стигнала до факултет. Како му успеало на образовниот систем, сосе сите наставници и професори вградени филтри, непречено да му се протне еден ваков дипломец. Да беше водовод, ќе го креневме во воздух досега. Се вика Наташа Струмениковска и е пратеничка во Собранието на Република Македонија. 
Да! Сите ние до крајот на животот (нејзиниот) ќе го плаќаме со „народни пари“ талентов каде и да работи, а ќе биде тоа, сигурна сум, во државната администрација. Ништо чудно по некоја година женава да стане и државна функционерка. Министерка на пример. Оти такви ни се критериумите.

Се одржа студентски марш во организација на Студентскиот пленум, СДСМ, Сорос и универзитетски професори самодекларирани како „левичари“ и стечајци. Демонстрираа против државниот испит со кој општеството ќе требаше да ја добие првата образована, писмена, способна, конкурентна, мислечка администрација и интелектуална, политичка, културна елита. За на државава конечно да o7; тргне. За да функционира, за да расте и да се развива. За да живее слободно. Гледајќи го маршот, фаците што насмеано се солидаризираа со оваа гротескна парада за одбрана на ниските стандарди во образованието, конечно си признав себеси дека Македонија и Хаити се судбински сврзани. Никогаш нема да им тргне. Нема да се фатат за рачката на последниот вагон во која било геостратегиска композиција што кинисала кон некоја возвишена и амбициозна цел. Многумина очајнички се борат да останеме „Македончиња“ во нефункционално „државиче“, кое „не го бива за што било“, за да може истите тие својата лична инфериорност да ја правдаат како екстерна вина. Задоволни се во мочуришен полумрачен амбиент, зашто недостигот од кислород и светлост им е природна животна средина. Длабоки реформи ќе го нарушат овој ендемски екосистем. 
Образовниот систем во Македонија, кој жилаво се бори против мислењето и знаењето, очигледно е изграден за вечно да произведува зелкари. Лесно се одгледуваат, брзо се множат, а имаат многунаменска вредност. Образовната контрареволуција кај нас континуирано тече повеќе децении. И никој не ја победил. Како знам? Еве како. 

Кажете ми еден филозоф од Македонија што ги поминал државните граници откако бил објективно вреднуван. Дајте му по едно парче хартија на кој било студент од кој било факултет со задача да напише есеј од дваесет реда за значењето на „мислам, значи постојам“ и ќе ги видите резултатите. Сетете се на три имиња на судии, адвокати, правници, експерти што биле регионално, европски, па и светски цитирани или публикувани (со исклучок на академикот Ефремов, проф. Гордана Силјановска и одвај дали двајца без тројца професори од Медицинскиот или на Природно-математичкиот факултет). Кој од нашите фамозни правници успеал да ги прочита, критички изанализира и издебатира законите во ЕУ? Кој од студентските форуми, пленуми им нарипа на политичките перјаници на СДСМ, Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска, кои храбро се бореа за рамноправност на шестките со десетките при изборот на судии и правото на стручно незнаење странски јазик. Сето тоа во името на уставно загарантираната рамноправност и желбата да се стане европска држава. Мене сега веќе не ме чуди што македонските универзитети со одбивност ја дочекаа иницијативата на Владата на студиите да се користат светски вреднувани автори. Ректоратот долго ги чуваше во бункери преводите. Сега го разбрав грандиозниот отпор кон компјутеризацијата или евалуацијата на факултетите, оти, како што објасни деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, фала на прашање, ама македонските факултети одамна интерно, демек автономно си се оцениле. Сетете се само на отпорот кон екстерното во средните училишта, кога Министерството за образование попи илјадници јајца од идните академци, на кои им асистираа наставниците и родителите. Па на сквернавењето на студентската химна, кога се бранеше автономијата на фалсификуваните факултетски дипломи. Како ќе си го објасниме феноменот за цутот на академската и експертска неписменост и дунстерај во епопејата „Скопје 2014“ кога „научивме“ дека постоела моноетничка архитектура, ем дека барокот е ексклузива или тапија во посед на Европа, а Македонија има забрана за користење архитектонски стилови, па неокласицизмот да ти бил барок и провокативна антиквизација, дека антиката е грчка ексклузива, историјата канонизирана догма, политиката на сила судбина, отоманскиот јазик на универзитетите во Турција застрашувачки доказ за неоисламизација. Па, видете бе господо авангардни интелектуалци! Да не потекнувате од овој образовен систем, ќе ви текнеше макар дека она што за западните класични студии е латинскиот, староелинскиот или старословенскиот јазик, тоа се персискиот и старотурскиот, односно отоманскиот јазик за културите од Блискиот и Средниот Исток.

Се лажете ако мислите дека во ова лудило нема систем. Има зашто има намера. Да не е така, немаше да се тера ненормален мајтап од страна на медиумски истакнати контрареволуционери со идејата на министерот Никола Тодоров да ги повика сите натпросечно интелигентни академци да станат дел од неговиот работен и советодавен тим. Немаше декан на медицински факултет со писмо да го моли министерот да ги снижи критериумите за оние што треба да ја сочинуваат комисијата за оценување на докторандите. Да не е така, зар би имало во Македонија партиски лидери што јавно ќе се фалат дека направиле амбасадор или министер (демек успешен човек) од едикојси професор и доктор на науки, како што тоа го стори Бранко Црвенковски коментирајќи го Ѓорѓи Спасов, кој беше идеолог на СДСМ, а Никола Груевски нема да крене бело знаме (тој така го сфаќа компромисот) и да ги теши студентите дека државниот испит ќе важел одложено за некоја друга генерација, а овие да се израдуваат на „добрата“ вест.
Конечно да не е така, зарем шпекулантот и мегаломанијак Џорџ Сорос би имал интерес така упорно да го одржува производството и одгледувањето тутурутки токму во Македонија. Тие се единствена надеж за оние што целат на „идејата Македонија да умре“, за да се роди нова. Бранко Геровски не е автор, ама сигурно е жртва на образовниот систем. Сакам да кажам, на сиромашкиот толку му фаќа црпката. Спаѓа во категоријата за која Исус мислителот и револуционер кажал „прости им Господе, не знаат што прават“.
Убедена сум дека тој (Геро де) и не знае дека некоја објективна комисија за екстерно, само по неколку негови медиумски истапи во низа, ќе го класифицира како екстремна девијација на деридијанската филозофска школа. Заради Жак Дерида, таткото на деконструкцијата на сите големи идеи што го движат човештвото, декадентниот и блазиран француски филозоф, кој критичноста ја претвори во учење на импотентен салонски цинизам, а постмодерната во слуга на финансискиот гангстерај, факултетски образовани суштества како Геро веруваат дека може да деконструираат и состават народ, колективна самосвест, идентитет, јазик, историја, дејство, слобода, избор, мисла, волја.

Сакам да кажам медиокритетски маршови и востанија во Македонија не се случајност. Овој пат проговори вградената фабричка грешка, која е и главна производствена гранка, да речеме трејдмарк на државава. Сопствениците на оваа индустрија, странски секако, заедно со малите домашни акционери, тргнаа во жестока самоодбрана. И ич не е случајно што токму „деридијанците“ го презираат народот, работништвото, селанството, а се следбеници на измислици како говор на омраза, политичка коректност, мека диктатура на либералната демократија и креатори на идентитети од секаков вид преку деконструкција на постојните. Геро спаѓа во оние умствени капацитети со факултетска диплома што „мислат“ дека знаат како да расклопат Македонец и да исконструираат на пример евро-славо-горно-северо-македо-педер(ка).
Маршот на „студентите“ како таков беше поучен. На него може во иднина да се докторира во областа на социологијата, социјалната антропологија, психологијата, менталниот инженеринг, ефектите од индоктринацијата и пропагандата. Ама не на македонските факултети. Бре, ќе нn4; покажуваат на студенти во нагледна настава!

 
   
Автор: Мирка Велиновска

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани