Соросов Демократски Сојуз на Македонија
  Објавено на
share

 1. Во САД, таму бе кај Волерс и Рикер, независниот триесет-и-три-годишен новинар од Тексас Барет Браун, осуден е на 5 годишна затворска казна, и глоба  од 900.000 долари заради ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО! Обвинет бил за поврзаност со групата “Анонимуси“ и за оддавање тајни на “Викиликс“. Така, земајки го во предвид овој случај, како и случаите на Аарон Шварц, Томас Дрејк, Челзи Менинг и Џулијан Асанж, излегува дека “демократот“ Барак Обама им судел на повеќе “свиркачи“ отколку сите поранешни Претседатели на САД заедно?!

 

2. Македонската и севкупната светска јавност, се во очекување на гоооолемиот митинг предводен од Селмани и Чаушидис пред амбасадата на САД на Кале. Во очекување сме на “пламените“ говори на пијаниот Жоро (инаку нема храброст)! Со нетрпение ги чекаме маичките штампани од Милчин со парите на Сорос на кои ќе пишува “И јас сум Барет“. Секако, со радост ќе ги читаме колумните на убавецот со “чуден“ поглед (у будучност).

 

3. Аеродоромот во Доњецк, граден за ЕП во фудбал, е направен парампарче. Ослободители во него нашле американско оружје, логистика, униформи... Ах, да! Нашле и мртви странски воени платеници. Од секаде, па и од САД. Баш оваа епизода ме потсети на Арачиново, на странските снајперџии таму, на извлекувањето на поразените албанци и нивните платеници легнати како прасиња во калта на подовите на автобусите. Историјата, нели се повторува?! Како фарса, дапаче.

 

4. Премиерот на Француската република Мануел Валс најави донесување пакет закони што се всушност препишан американски Патриот акт. Оној злогласен акт со кој на полицијата и е дозволено да пука и убива по улици (главно млади, и пред се црнци) без да одговара за тоа. Баш убава Европа ќе си имаме.

 

5. Во моментов во Македонија, најмалку 7-8 најразлични служби (дури и приватни) и организации (странски) неовластено ни ги прислушкуваат телефоните. А со самото тоа ни го знаат секој чекор. Па, кога знаат во секоја секунда каде е Миленко, Јанко, Станко, Петко и било кој друг, ме интересира една работа! ИСИЛ се финансирал од продажба на нафтата од изворите што ги окупирал. Тоа значи дека ја продава!? Кому? Кој ја купува? Како и со што се транспортира? Како се договараат зделките? Како се врши плаќањето? Нема ли шпиунски и телекомуникациски сателити што тоа го покажуваат? Или некој-си-таму Миленко му е поважен на Хоумленд секјурити отколку овие што обезглавуваат? Или се тие сите иста банда?

 

6. Бранко Героски го гледал гостувањето на Никола Груевски кај Јанко Илковски. Пишал и колумна со наслов “Немој среќо, немој данас“... Па “среќо“, и данас, па и у следече десетлече со такви како тебе поддржувачи на промени, до промене неќе доќи. Неќе мочи, ове ночи. Нече мочи, следече 3650 ночи. Најмање.

 

7. Пред една година пишав дека Живко Мукаетов ја руши атмосферата во репрезентацијата ангажирајки, за големи пари, странски ракометари – пензионери. Многумина ми се јавија, вклучително и полициски инспектор(и), пријатели на сопственикот на Алкалоид. Не сум бил во право, ми рекоа. Ајде сега молам, пак јавете се.

 

8. За репрезентациите. Резултатски, македонскиот фудбал е на дното. Ракометот, барем оваа генерација, заврши. Кошарката без Перо и уште неколкумина, тешко ќе ја повтори Балтичката сага. Остануваат само клупските дострели. Таму, од кошаркарските тимови засега нема ништо. ФК Вардар е дебела тапа во моментов (без атмосфера, визија, план...). Во ракометот остана само Самсоненко со Вардар, оти Минчо реши да не дава пари кај Лино Червар. Ќе си купи поскап Мајбах. Македонските богаташи не сакаат да даваат пари во клупските спортови. Македонските спортски фанови ќе потпричекаат на следната радост (од оваа констатација го исклучувам РК Вардар).

 

9. Ептен стручњаците за грчкото прашање (изборите), господата Чилиманов и Кировски Саки, пред нова година прогнозираа:

  • “Ако не влезе некоја од овие партии, ќе гледаме широка коалиција? Или пак нови избори“ предвидуваше Чилиманов. Мислеше на партиите Пасок, Кинима и Потами.

  • Потами може да остане надвор од парламентот. Вистински победник на овие избори , според мене, ќе биде Папандреу, кој ќе најави силен камбек на политичката сцена“, предвиде Саки Кировски.

  • “Јас мислам дека Ципрас ќе ги добие изборите и ќе има максимум 140 пратенички места, И никој нема да сака да коалицира со него“, ги прошири своите предвидувања Саки од Телма.

Па да видиме што стана со “стручнава“ анализа?! Широка коалиција нема да има оти Сириза има мнозинство во парламентот. Нови избори, исто така нема да има. Толку за Чилиманов.

 

Предвидувањата на Саки излегоа смешка бидејки Потами се бореше за 4-тата позиција барабар со Златна зора. Папандреу не влезе, па “силниов кам бек“ остана пувеж во пустина на Саки. Исто како и “предвидувањата“ за “максимум 140“ пратеника на Ципрас.

 

Ептен сакам вакви стручњаци што се' погодуваат. Овие двајца како Ризаов и Биљали што ја предвидоа победата на Пендаровски со 150.000 гласа разлика.

 

10. Јосиповиќ со својата СДП ги загуби изборите за маргина. Но, на своите лути противници од ХДЗ им ја призна и честита победата. Ципрас и Сириза победија. Нова Демократија и Самарас го признаа поразот, и им честитаа на своите жестоки ривали. Секаде, дури и кај најекстремните и најнепресметливите партии и држави постои изборно достоинство. Само кај “Корнишон“ лидерот на СДСМ (Соросов Демократски Сојуз на Македонија) такво нешто нема! Затоа Заев, Пендаровски, Шекеринска, Шилегов и сличните ќе живеат во герисот од сопствените фекалии. Дишејки на цевче, за да не им влезе “течноста“ во уста.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани