Нов протест на исклучени од Топлификација в сабота пред Триумфална
  Објавено на
share

 

Единаесеттиот протест на исклучените од Топлификација ќе се одржи в сабота во 12 часот кај Триумфалната порта во Скопје. 

Организаторите велат дека протестот нема да биде насочен кон Владата, бидејќи таа писмено целосно го одбила барањето на протестите.

„Овој и сите наредни протести, ќе бидат насочени кон домашната и странската јавност, и ќе имаат повеќе работен карактер“, се наведува во соопштението на исклучените од Топлификација.

На протестот в сабота, тие најавуваат дека ќе биде усогласен текстот на писмото до странските амбасади во Скопје и ќе започне собирањето на потписите за тоа писмо. Овие потписи, од почетокот на следната недела ќе се собираат на повеќе места низ Скопје, а ќе биде отворен и постојан пункт на влезот од ГТЦ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани