Конечно, Македонец победи на охридскиот маратон - Евгениј Поп Ацев
  Објавено на
share

Името на Евгениј Поп Ацев засекогаш ќе биде запишано длабоко во аналите на македонското пливање и спорт воопшто. Конечно Македонија го дочека првиот Македонец кој триумфираше на една од најпрестижните домашни манифестации, Охридскиот пливачки маратон.

 

http://dnevnik.mk/WBStorage/Articles/B30F2CF3E9A2484EBE5E8BC9AE435BCC.jpg

 

29-то издание на маратонот во Охрид ќе остане запаметено единствено по Евгениј кој, продолжувајќи ја нишката на големите македонски маратонци Климе Савин, Нико Нестор, Дики и Атина Бојаџи, сега го оствари и својот детски сон…

„Охридскиот маратон ми е во срцето и затоа оваа победа толку многу ми значи. Ова е остварување на мојот детски сон по кој трагав секоја година“ - вели Поп Ацев по историската победа на 30 километри долгата патека „Климе Савин“ во Охридското езеро.

Како и секоја година, победникот и овој пат произлезе по неизвесна завршница во која Поп Ацев сега беше доминантен.

„Секогаш заедно со конкурентите тактизираме кога е во прашање поголемиот дел од трката затоа што свесни сме дека победникот се решава во неизвесна завршница. Имавме проблеми во одредени моменти со ветрот, но на крајот во последните 50 метри собрав сили да стигнам прв до целта“ – вели Поп Ацев за кого сега следи маратонот во Капри, Италија.

„Во желбата да стигнам до трофејот во годинашнава Гран при серија на ФИНА сигурно мора да атакувам на победа и во Капри. Останува малку време добро да се подготвам и за тој маратон и да се обидам повторно да ја израдувам македонската јавност“ – вели Евгениј Поп Ацев.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани