ГЕРОВСКИ БАРА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА
  Објавено на
share

Во колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски сратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики во колумна соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

 

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на тоа  гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

-Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишува Героски.

Тој во колумната, целосно ставајќи се на страната на радикалните албански елементи, тврди дека потребно е отворање на Охридскиот рамковен договор и негово проширување со нови права за албанците.

-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Героски.

Героски предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација.

-Обемот на јазичните права на малцинската етничка заедница и изгледот на нашата билингвална федерација е едно од тие прашања. Не е затворено и прашањето на правичната алокација на јавните добра и ресурси, на пример, пишува Героски.

Тој во колумната пишува и дека треба да се разговара и за одржливоста на концепот на федерација.

- Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати!, пишува Героски.

Тој додава дека се чини поизводлива идејата за федерализација на Македонија како земја на Македонците и Албанците.

- Дали е подобро да живеат заедно, во унитарна држава, или сепак да се поделат во федерални единици, иако се чини застарена, сепак има своја изворна и сè уште неисцрпена енергија пишува Геровски, додавајќи дека е чисто мантрање идејата дека Македонија е унитарна држава затоа што така пишува во Уставот.

Предлозите на Героски се всушност предлози за разградување на македонската држава и целосно нејзино рекомпонирање, како држава на два ентитета Македонци и Албанци, што во основа би значело и добивање на нова држава за Албанците, по Косово.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани