Заклучоци
Автор: Ацо Станковски   Објавено на
share

И покрај анимозитетот што го имам кон колективниот ламент и патетика, морам со прилична доза на вознемиреност да констатирам дека е време за сеопшта, сенародна акција, при која би се oтстранило сето антропоморфно ѓубре, што како крлеж се закачило за македонското национално ткиво, а кое со безобразни и неми стратегии се обидува да ја наметне својата идиотска волја, која, пак, согледана од една подалечна и објективна позиција, води кон недвојбени заклучоци дека е залудна и губитничка.

Обидот да се устрои младата македонска држава како „конц-логор“ за бегалците од Блискиот Исток, што како леминзи итаат кон погрешно исфантазираната „Шангрила“, а која се распаѓа како конструкција од карти под налетот на оваа заблудена и, воедно, непоколеблива маса десперирани луѓе, е веќе деконструиран, виден е главниот план, и покрај сите тие итрости на божемните олеснувачи и помагатели за кризата во Македонија, која, всушност, не ни постои.

Или, ако сакате, таа криза не постои за македонските граѓани, кои не се засегнати од болната амбиција да се искачат на тронот и оттаму да почне новата епизода на нелигитимни дејства, какви видовме неколку пати досега во времето кога истите овие протагонисти на сегашната опозиција беа на власт.

Македонскиот народ веќе не може да ги трпи овие остатоци на црвената буржоазија, која, сè што ќе допре, претвора во прав и во пепел.

Секој конструктивен и правдољубив Македонец и Македонка, па дури и секој граѓанин на Република Македонија веќе не сака да ги гледа и да комуницира со овие штетници, распродавачи на националните интереси, предавници и, сума сумарум – нелуѓе, кои само поради силната сентименталност и емпатија на македонските граѓани сè уште функционираат надвор од казнените институции.

Константната нелојалност кон државата и предавствата, во комбинација со најекстремната неспособност, им беа простени поради мир во куќата и општочовечката милозлива природа на овој бескрајно толерантен народ, но, гледаме дека таа одлука, колку и да е длабока во човечка и во духовна смисла, тоа решение на македонските суперсентиментални мажи и жени, е, во основа, погрешно, наивно и не носи никакви добри перспективи за општеството, напротив.

Но, ние како нација и држава, не можеме да се занимаваме со оваа докрај маргинализирана група на исфрустрирани крлежи, кои веќе никогаш нема да дојдат на власт, а, без сомнение, ќе бидат запомнети од народот и историјата на Македонија како предавници и гадови од најдолен тип.

Бадијала криминалните и гангстерски методи на политичка борба, која не е видена во досегашната европска историја, а која, со помош на таканаречената меѓународна заедница – всушност, неоколонијална, империјалстичка групација, втурната во еден општ светски геостратегиски и геополитички хаос од кој нема да се извлечат, се обидува да демонстрира моќ врз малата и колеблива држава, која во овие 25 години служеше како експериментален стаорец во сите тие перверзни и нечовечки игри на предоминација.

Доволно е! Ако сме луѓе и свесни битија и ако имаме барем мал дел човештина, достоинство и разум, треба итно да ставиме крај на оваа крајно понижувачка игра, во која сме ставени како народ и држава.

Конечно, импотентната опозиција, со сите тие комедијанти и кловнови, не е никаков проблем за нацијата и за државата, но нивната ролја на „Тројански коњ“ е опасна стратегија, преку која таканаречената меѓународна заедница, која не може и не смее да се нарекува така зашто претставува само еден мал, умислен и арогантен дел од човештвото, сака да ја разнебити македонската држава и да почне да ги спроведува своите тајни планови, кои, за нивна жалост, се веќе одамна откриени и дешифрирани.

И, според сето ова, кои би биле заклучоците од ова дрско и ѕверско поведение на овие интернационални идиоти, кои за себе имаат сосема погрешна слика, дека се претставници на културни и цивилизирани општества и држави? Но, очигледно дека се работи за примитивни и простачки блефери, кои во недостиг на достоинство и на такт флагрантно ги легитимираат својата паника и страв и на тој начин лесно ја покажуваат својата, навидум, затскриена агенда.

Како прво, дури и да ја разбијат конзистентноста на државава и да го доведат својот девалвиран кодош на власт, а тој да ги следи нивните инструкции и од Република Македонија да создаде гигантски азил за блискоисточните бегалци, кои Унијата не може да ги смисли, а кои, и покрај сè, ќе одат кон Германија, следејќи го фатумот на својот „егзодус“ до „ветената земја“, позицијата на западните сили нема да се подобри, напротив.

Со ваквото пакување на нештата тие („меѓународната“) ќе создадат толку голем револт, што ризикуваат да го загубат целото влијание врз државава.

Заклучоците од нивната политика на диктат и на ароганција се дека, форсирајќи криминални планови, и тие самите ќе бидат третирани како такви, на долг рок. Ако не се случи тоа во нивните држави, како што се случи со „рамковните олеснувачи“, тоа ќе се случи во процесот на стравотната ерозија на нивната политичка моќ и на локален, и на глобален план.

Можеби Македонија и може да се „дисциплинира“ и да биде послушна пудлица, која беспоговорно ги следи инструкциите на „Големиот брат“. Но, што ќе прават со Русија, со Кина и со деведесет отсто од светот, кој добро ги препозна сите нивни беззаконија и кој реши да им стави крај, еднаш засекогаш.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани