СДСМ И ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ
  Објавено на
share

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната средба со коалициските партнери добил едногласна поддршка од партиите од здружената опозиција.

На средбата, на која присуствувал и Стево Пендаровски, била изразена единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава. 

Во соопштението од опозицијата се наведува дека СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. 

Оттаму потенцираат дека избирачкиот список мора да се прочисти, како и дека мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. 

- За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април. СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април, стои во соопштението.

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во преодната Влада се наведува дека централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука ќе ја соопштат.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани