Катица потпиша пристапница во СДСМ!
  Објавено на
share
 

Специјалната јавна обвинителка која вчера со поддршка на пратениците доби 4 милиони евра за обвинителството непречено да функционира, беше активна на социјалните мрежи и будно ги следеше активностите кои ги организираат опозиционерите. Со толкав одобрен буџет, наместо да се направи интернет сајт на Специјалното јавно обвинителство, Катица одлучи информациите да ги пласира преку Фејсбук, па единствено креираше Фејсбук група на СЈО

Специјалнта обвинителка Катица Јанева се пријавила како заинтересирана за протестите кои опозициските структури најавуваат дека ќе ги организираат против еврокомесарот Јоханес Хан. Очигледно е дека специјалната јавна обвинителка цело време е на социјалните мрежи, и наместо да се зафати со работа, таа будно ги следи и поддржува активностите на опозиционерите.

Така, Јанева на нејзиниот профил на Фејсбук пристапила кон групата на заинтересирани кои организираат протест против еврокомесарот Јоханес Хан, кој кон средината на февруари повторно ќе дојде во Скопје. И претходно, специјалната јавна обвинителка која вчера со поддршка на пратениците доби 4 милиони евра за обвинителството непречено да функционира беше активна на социјалните мрежи и будно ги следеше активностите кои ги организираат опозиционерите. Со толкав одобрен буџет, наместо да се направи интернет сајт на Специјалното јавно обвинителство, Катица одлучи информациите да ги пласира преку Фејсбук, па единствено креираше Фејсбук група на СЈО. Фејсбук е нејзиниот прозорец кон светот и смета дека јавноста треба да се информира само на социјалните мрежи. Јанева е само дел од луѓето кои важат за блиски до опозициската партија и кои жестко го нападнаа еврокомесарот, по чија посета во Скопје стана јасно дека доаѓа крајот на манипулациите на СДСМ и Македонија оди на избори на 24 април.
Професорката Мирјана Најчевска смета дека еврокомесарот Хан е декадентен.
Ексминистерот на СДСМ, Денко Малевски во колумна за Соросовиот Плусинфо пишува дека Јоханес Хан бил површен. Дел од опозициските структури отидоа и чекор понатаму. Саше Политико на својот портал објави колумна полна со навреди кон еврокомесарот нарекувајќи го "пролупан".
Помалку гнев немаше ниту во коментарот на советникот на Оливер Спасовски за односи со јавност во МВР, Тони Димитриевски кој не штедеше пцости на социјалните мрежи. И Јани Макрадули не се воздржа од коментари против Хан.
Како што се наближува денот до изборите во опозициската партија расте паниката поради очајната поддршка меѓу граѓаните и недостатокот на идеи кај раководството, коментираат експертите.

http://vecer.mk/makedonija/katica-potpisha-pristapnica-vo-sdsm




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани