Бејли: Да престане објавување снимки на приватни телефонски разговори
  Објавено на
share

Бејли: Да престане објавување снимки на приватни телефонски разговори

Американскиот амбасадор Џес Бејли, преку твитер апелира да запре незаконското објавување на приватни телефонски разговори, а сите кои имаат такви снимки да ги предадат на Специјалното јавно обвинителство.

Тој се надева дека ќе се изврши соодветна амандмаска интервенција на Законот кој ја регулира оваа материја, во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Ваквата реакција на американскиот амбасадор следува откако утринава повторно се појавија нови приватни монтирани телефонски разговори на главните уредници на Сител и Вечер, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, како и на бизнсименот Орце Камчев со новинарката Оливера Трајковска.

Потсетуваме дека пред два дена беше објавена и аудио монтирана снимка од разговор меѓу директорот на Комерцијална банка Хари Костов со сопственикот на агенцијата за обезбедување Оса Бранко Бојчевски.

Талевска и Латас поднесоа кривични пријави до специјалното јавно обвинителство против дилерите и рекетарите кои злоупотребуваат приватни монтирани телефонски разговори и профитираат од туѓи животи.

КОМЕНТАРИ

Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани