Македонија во чекор на тотална анархија
  Објавено на
share

 

 
Веќе предолго трае оваа политичка криза во која секојдневно сме сведоци на одење во крајност на беззаконие и постапување на секој како сака.
Велат демократија треба да владее секогаш и секаде. Но очигледно нашиот народ незнае што е поимот демократија и ја поистоветува со анархија и рушење на основните принципи во форма на вандализам. Ова што се случува денес има критични точки поврзани со дејствија од минатото. 
Една дигресија, владеењето на ВМРО е долгорочно и почна да пречи. Да првенствено на опозицијата, потоа на другите, па и на неутралните. Една иста гарнитура низ години малку модифицирана, но владетелот' е истoт, оној кој го одбележи неговото време на владеење, како никој пред него, оној кој најмногу им пречи. Како и се во животот па така и власта веќе станува здодевна и еднолика, а ние како човекови битија  сакаме различно, сакаме друго, сакаме поинаку, сакаме туѓо, односното некогаш туѓото да го присвоиме. Во време кога власта трае со години, опозицијата треба по некоја политичка неформална дефиници да се ојакнува, да се промени, да ги елимира недостатоците, да и се приближи во рејтинг и секако на избори демократски, легитимно да се обиде да ја симне власта . Но во Македонија ништо не е по протокол. Повеќето работи  не  се ни по закон. Но се дозволуваат и траат. Ова најмногу го мислам за најосетливиот поим од минатата година, спектакуларните бомби. Суштински проблем со нив е впрочем нивното објавување. Во најмала рака ќе ја споменам САД која е мајка на демократијата но за другите држави, за својата повеќе е маќеа но нејсе, тоа е држава во која се се прислушкува, се се знае, корупција на секој чекор,владее расисам во секој дел, судството и полицијата се најмалку самостојни, но тоа е држава која не дозволува внатрешно самоуништување, не дозволува некој за 5 мин слава да го урне сиот правен поредок во една држава. Да се вратам чекор назад, содржината на бомбите во голем дел е громорозна, ужасна, безмилосна и треба да се казни, да се утврди веродостојноста и да се осуди. Но не на начин да се самоуништиме. Се употребуваат болни и тешки мотиви за протести. За миг секој се соживеа со тага и со болка, но дали секоја болка реално резултира со револт и вандализам. Еве кажете сами, не. Безкурпулозно манифестираат жал, сочувство а безмалку секој знае дека во голем процент секој тоа го прави за интерес, некаков, не велам финансиски.
Два чекори наназад, кога излезе проектот Ск 2014, каде беше масовноста, протестирањето, неприфаќањето на овој по нечив жаргон, луд проект, проект на уназадување, на срам, на несоодветност. Ве немаше, народе. Некој ќе кажеше ова е катастрофа, друг па добро ќе биде и сега откако се случи, повеќето велат не е лошо но е премногу. Значи ви се допаѓа, помалку или повеќе. Проблемот е друг, како ова не ни текна пред 11 години. Ама тогаш Бране ќе беше крив, другите среќни, финансиски задоволни нејсе, друго време беше тогаш, сега знаеме како. 
Сега да се враќаме назад да боиме, шараме, рушиме, веќе е ту лејт.
Шарена револуција. Протестирам. Тоа би изгледало народ на улица, протестира, не му се допаѓа власт, не му се допаѓа градба, абе се не му се допаѓа, но тоа го прави без да нанесе штета, без да се рефлектира на секој од нас поединечно кога ќе мора да одделиме од нас за игриве со бои. Но тука ќе генерализирам, ние сме народ што не сака да оди на протест, што полесно му е да скратат плата, да му реформираат образование, да му затворат фабрика, полесно е да биде стечаец, отколку да излезе и да се избори за своето. Е како не ќе одам јас по улици, божем ќе сменам нешто. Може и ќе сменеше. Сега нема да смениш, зошто формацијата е погрешна. Алатките се згрешени. Се што има позадина не е чисто, тоа е обоеното, партиски, организациски, платенички, некако исшарано како нашиве институции. 
Во време на дестабилизација, лесно е да активираш млад, со бујни соништа кој гори за добра иднина, исполнување цели, кој сака да се одвои и да промени, ситуација, состојба, секојдневие. Жално е што му се понуди лош метод, ти бои , шарај, обележи се, може и ќе те притворат,ние ќе те вадиме, ние ќе аплаудираме, ќе сликаме, ќе огласуваме по социјални мрежи, медии, ќе ве поддржуваме, заедно сме, со вас, но зад вас. Тие секогаш заштитени, но поддржуваат. Не. Тие гласните, обоените, партиски, организациски како и да ги дефинираме нека протестираат, нека оштетуваат. Сите умеат да аплаудираат , нели за навивање сме врвот. Клучносакам да кажам, народе, освести се малку, се поделивме, се олошивме, изгубивме вредности , дозволивме секој да ни каже како треба, почнавме да се уништуваме, некој друг ќе користи, странска алатка секогаш ни се меша. До кога? Во следно продолжение. До тогаш, довидување!

 

 

Цветковска Елена

personagrata.mk@hotmail.com




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани