Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно
  Објавено на
share

Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно

 
 

Според Божиновски, ако утре се одржат избори, Груевски ќе ја предводи партијата во уште една изборна победа со убедлива предност пред СДСМ

Сите опозициски политичари заедно имаат понизок рејтинг од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Овој факт, според експертите, ја покажува апсурдноста на тврдењата на опозициските медиуми за наводно повлекување на Груевски од кормилото на партијата со највисока поддршка од граѓаните.


-Во моментов Груевски нема сериозен политички конкурент ако се земе предвид дека неговиот рејтинг е повисок од сите политичари од опозицијата заедно, вели професорот Владимир Божиновски.

И бројките од последните релевантни анкети го говорат истото - Груевски според истражувањето на Брима Галуп спроведено во јуни годинава има рејтинг кој претставува вкупен збир од поддршката која ја уживаат неговите соговорници на преговарачката маса - Заев, Ахмети и Тачи. Според истражувањето на институтот "Димитрија Чуповски# од април годинава пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има три пати повисок рејтинг од збирната доверба во Заев, Шекеринска и Црвенковски.


-Лидерот на една партија може да се повлече ако тој со личниот рејтинг ја влече партијата надолу, или ако претрпи голем изборен пораз. Кога ги прочитав шпекулациите помислив дека се пишува за Заев, имајќи предвид дека тој има двојно понизок рејтинг од СДСМ. Во случајот на Груевски тоа апсолутно не е така, а ВМРО-ДПМНЕ со него 10 години победува на сите изборни циклуси, додава Божиновски.

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деновиве ги отфли шпекулациите за неговото наводно повлекување од челната позиција во партијата, како и можноста за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Според Божиновски, ако утре се одржат избори, Груевски ќе ја предводи партијата во уште една изборна победа со убедлива предност пред СДСМ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани