НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НАПАДОТ ВО МИНХЕН
Објавено на
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружениот напад извршен доцна попладнево во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, потврди вечерва германската полицијата.
Според полицијата, бројот на ранетите при нападот засега не е утврден.
Како што јави ДПА, во Минхен во тек е масовна операција на полицијата во потрага по тројца осомничени напаѓачи вооружени со автоматско оружје, за кои се претпоставува дека го извршиле нападот во трговскиот центар „Олимпија“.
Германскиот весник „Билд“ објави дека најмалку еден напаѓач се самоубил пукајќи си во главата, но полицијата засега не ја потвди ваквата информација.
Во градот е прогласена „специјална состојба“ заради нападот, а целата област околу трговскиот центар е блокирана.
КОМЕНТАРИ