ДУИ треба да знае дека лажењето е вообичаен спорт во СДСМ и тркалото се врти
  Објавено на
share

ДУИ треба да знае дека лажењето е вообичаен спорт во СДСМ и тркалото се врти

Објавено на  од Александар Даштевски
 
 
 

Пред и по преговорите со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека дефинитивно нема да гласа за продолжување на 18-те месеци на СЈО. Затоа не е јасно што чека ДУИ? Ако толку сакаат коалиција со СДСМ, зошто не ја направат веднаш.

Од ДУИ се свесни дека ако сега го нарушат правилото коалиција победник со победник, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ги чека долг одмор од учество во власта. Ако сега решат да коалицираат со СДСМ ќе треба вечно да бидат со нив, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе помине низ проблеми, но ќе запомни и ќе врати повеќекратно кога некој и забил нож во грб.

На ДУИ им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира процес на носење закон за јазици во парламентот каков што би можеле да договорат со СДСМ, така што наместо унапредување на можностите за користење на албанскиот јазик во општините  каде што има над 20 % Албанци, ќе добијат едно големо ништо.

Сите очекуваат СЈО да го нападне и дополнително да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ со надеж дека тогаш ќе станат по веќе поустливи но, забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни за тоа и дека кога ќе се сврти топката, а во политиката тоа често се случува,  тие ќе вратат мило за драго, со голема камата. Кога МВР и ОЈО наместо кон СДСМ, ќе се фокусираат кон криминалите на функционериоте на ДУИ низ годините, тогаш Бејли нема да е тука. Ќе биде некој друг амбасадор, пратен од Трамп, односно од новата американска администрација.

До сега ДУИ никогаш немале шанса да се чувствуваат толку важни како сега, како некој фудбалер од општинска лига кога ќе дојде во голем клуб и ќе му тргне. Изгубени од среќа, глумат ѕвезди  и талкаат. Сакаат овој сон да потрае. Тоа е незрело однесување во политиката. Кога на некој кој никогаш не бил толку значаен ќе му се даде таква можност тој не знае што да прави.

Му треба време да созрее за таква улога. Нема осет колку од тоа може да искористи и како. Па чека и чека.

Што би рекол Али анализира. Лечи насобрани фрустрации од минатото кога биле индеферентни и инфериорни во однос на ВМРО. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ се полнат со фрустрации поради тоа што оние кои ги земаа во коалиција и кога не мораа, сега кога се сврте работата се изживуваат со нив. Тие фрустрации со кои сега се полнат во ВМРО, еден ден ќе излезат на површина и ВМРО/ ДПМНЕ силно ќе врати.

Сакаат да станат големи играчи кои ќе го откачат ВМРО-ДПМНЕ, но знаат што ги чека со СДСМ.  Дури и да добијат нешто од нив на национална основа, тоа ќе оди на конто на СДСМ. Секој нормален албанец ќе рече: Додека беше ДУИ на власт 9 години тоа го немавме, сега кога дојде СДСМ го добивме. Кого треба да поддржиме? Се разбира СДСМ.

Бомбите на Чауш ги има СДСМ а тие се однесуваат главно за албанските политичари. Кој му ги заплени бомбите на Чауш? Знаеме дека тоа е МВР. Кој беше тогаш на чело на МВР? Знаеме дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Значи можно е и ВМРО да ги има истите бомби, па да добие желба да си поигра со истата играчка. Може ВМРО-ДПМНЕ да не биде задоволно дека ДУИ коалицира со тие кои ги бламираат со бомби, и да почне да им пушта илјадници бомби. Тогаш циркусот ќе продолжи, а ДУИ ќе продолжи да паѓа, па на следните избори да заврши со 5 пратеника. Така е кога ќе почнеш непринципиелно да играш и да влегуваш во филм на некој без кој не се може.

Може некој ќе рече ама СДСМ и ДУИ во меѓувреме ќе го уништат ВМРО-ДПМНЕ преку СЈО. А, ако не го уништат? Што правиме тогаш?  Ако Уставен суд донесе одлука дека  СЈО е неуставно? Или ако издржат  пред судовите две години и излезат како победници? Во ДУИ добро знаат дека СЈО нема реални докази за никого, дека се е обична фарса. Се е вештачки на сила и кога тогаш ќе падне. Што потоа? Повеќепати ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае сериозно да се освети. СДСМ го почуствува тоа еднаш откако Црвенковски  во 2002-2004-та реши да владее со апсење на политичките противници. ВМРО преживеа се врати во 2006-та и врати сериозно и повеќекратно.

Прашање е дали може крупни прашања да се решаваат без ВМРО-ДПМНЕ во земјата? Или без нејзиниот лидер, кој и по сите удари од надвор и одвнатее остана како политичар со убедливо највисока поддршка во Македонија. Ако го уапсат ќе му направат услуга. Ќе го направат херој. Веќе е доцна да го понижуваат со судски рочишта и малтретирања по судови. СЈО е повеќе од крајно некредибилно и прочитано од мнозинството граѓани. Но, дури и да го прават тоа, ништо нема да им реши на СДСМ и ДУИ. Големите нивни цели нема да можат да се остварат без ВМРО и Никола Груевски. Тие што добро го следат, знаат дека сето тоа ќе го направи уште по тврд и понепопустлив.

Каква ќе биде таа коалиција на СДСМ со ДУИ, па плус ќе зависи од ДПА, од Села, а се надеваат и на Беса. За да се задоволат дека ВМРО-ДПМНЕ паднало од власта ќе  гласаат за формирање Влада, и ќе ги поддржат за законот за јазици, кој пак ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира и толку. Понатаму секој од нив ќе се позиционира за следните предвремени избори. Во таа Влада ќе биде секој против секого и таа нема да трае долго.

Кому најмногу му одговара трајно нарушуванје на односите на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ? Се разбира на Беса. Партија во подем, со јаки финасии, нови лица, изгледа како младо момче во однос на истрошениот старец ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ по кратко време во опозиција, ќе излезе освежена и посилна. Со проверен искусен кадар во комбинација со млад и нов кадар. Беса ќе добие на тацна коалициски партнер на долг рок кој може за се и сешто да се критикува, но не и за стабилност и исполнителност за нешто што ќе го договори. Беса ќе биде на среден и долг рок најголемиот добитник од разводот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе биде исто, кога некоја жена за глупости ќе се искара со мажот, и единствениот ефект ќе и е што ќе и го предаде во рацете на друга жена. Ќе и направат неверојатна услуга на Беса.

Беса има причина да слави оној момент кога ДУИ ќе направи Влада со СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите ќе го стават во опозиција. Тогаш Беса со сигурност ќе дојде на власт, но со партнер кој се покажа како многу силен, далеку посилен и со погоелем капацитет од СДСМ, како и стабилен во однос на дадениот збор за  ветеното. Секој би посакал таков партнер, освен ДУИ кои се сега во екстаза затоа што станаа многу важни.

Што ќе прави понатаму ДУИ со СДСМ. Се знаат добро. ДУИ знаат дека лажењето е вообичаен спорт во СДСМ. Од искуство тоа добро го знаат. Ќе мора да се навикне на коалиција со партнер кој на секој чекор ќе ги лаже и ќе се обидува да ги измами, најбезобѕирно гледајќи ги во очи. Долгорочно тоа ќе биде уништување за ДУИ.

ДУИ ќе стане баш како невеста која во фаза на низлуденост го оставила убавиот маж, се залетала за друг кој е три класи подолу од првиот и со него ќе мора да тера цел живот. Колку ли ќе се кае тогаш. Ама викаат после онадење нама каење.





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани