Доживотен затвор за обвинетите за Диво Насеље
  Објавено на
share

 

Пресуди за „Диво Насеље“: Седум од обвинетите осудени на доживотен затвор, 13 од нив добија по 40 години затвор

 


Седуммина обвинети во случајот „Диво Насеље“ се осудени на доживотна затворска казна. 13 од нив се осудени на 40 години затвор, 6 од нив на 20 години, на 14 години се осудени двајца од обвинетите, на 13 години, исто така двајца, а на 18 години е осуден еден од обвинетите.

Најниска казна добија двајца од осудените,  12 години, а четворица беа ослободени.

Првообвинетиот Сами Укшини, познат како командант Соколи, доби 40 години затворска казна.

Обвинетите денеска не ја слушнаа пресудата. Тие скандираа во судницата во Врховниот суд „Да живее Албанија“ „УЧК, УЧК“, „Господ да ја благослови Америка“, „Терористите се во парламент, а ние сме УЧК“.

 (Пред судот се собраа членови на семејствата на обвинетите)

Тие ја пееја и албанската химна и песна „Беса, беса“ кои ја пееле припадниците на УЧК. По ова тие беа изнесени надвор од судницата.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани