Машина за пишување - тастатура ретро мераци
  Објавено на
share

 Кога нешто е добро, ќе се врати на некој начин и во некој облик, но никогаш нема да исчезне.

Компанијата Qwerkytoys, Inc призведе универзална тастатура за таблети и мобилни телефони која дизјанерски наликува на машина за пичување од времето на златната ера на новинарство. Направена од метал, работи на батерија и може да се поврзе со сите уреди кои имаат блутут. Дури и ја има класичната рачка од машините за пишување со која се почуваше нов ред, а овде е програмабилна и може да служи за бекспејс или друга функција која ќе му ја назначите.

Направена е цврсто, солидно, ригидна е и прилично гласна како и старите машини на времето, но тоа е целата поента нели. Многу новинари и писатели велат дека работата на стари машини со звуклот кој го призведуваа им помага во фокусирање за пишување новинарски, научни или литературни дела особено оние кои се пообемен матерјал. Самата тастатура има и универзално лежиште за потпирање на сите видови мобилни или таблети во кои го внеесувате текстот.

Секако, бидеејќи е единствена на пазарот, направена од метал и врвен квалитет, затоа и цената е безобразна - 300 долари ако нарачате од Амазон. 

 

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани