ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА – ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИЕМ ВО НАТО
  Објавено на
share

 ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА – ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИЕМ ВО НАТО 

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.


Нато МКД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека „ова е историски момент за земјата и дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот.

“Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави Столтенберг.

Ова е почеток на ратификацискиот процес, изјави Столтенберг изразувајќи надеж дека тој ќе продолжи и дека ќе може земјата да биде поканета за полноправна членка на НАТО. “Очекуваме да ги продолжите реформите потребни и за членството во ЕУ, со која делиме заеднички вредности. Од денеска вашите претставници ќе се придружат на оваа маса и ќе бидат поканети на НАТО состаноците”, изјави Столтенберг.

На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот занадвoрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допатува во Брисел од Вашингтон.

“Ова беше долг пат. Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламентарен состав, ова е резултат на целокупната работа на многу генерации и обврска на нашатагенерација. Ова не беше ни приближно предвидливо, туку се случи поради лидерството на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го поплочија патот кон оваа цел и помирување и докажаа дека  и невозможното е можно. Исто така признание и до премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов за охрабрувањето со потпишувањето на Спогодата за пријателство за да се движшиме во овој правец”, рече министерот за надворешни работи Димитров во воведниот говор.

 

Тој објасни дека за Македонија, НАТО е „преминување на линијата на безбедност и сигурност и тоа е семејство на држави за безбедност, стабилност, вредности од Вашингтонскиот договор и семејство кое тежнее да го направи светот помирен и подобро место за живеење.
“Ова патување не направи позрели и со скорешните настани со нашите соседи покажавме дека можеме да ја преземеме нашата одговорност да се соочиме со проблемот и да го решиме. Од денеска мојата земја станува навистина силна. Патувањето не е завршено, но одиме натаму со 29 сојузници и пријатели”, изјави Димитров и им се  заблагодари на сите амбасадори на земјите членки кои денеска ставија потпис на Протоколот.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани