Шилегов со иновација: До година скопјани ќе фрлаат ѓубре со картички, контејнерот нема да се отвора ако не се покаже картичката
  Објавено на
share

 

Шилегов со иновација: До година скопјани ќе фрлаат ѓубре со картички, контејнерот нема да се отвора ако не се покаже картичката

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во гостувањето на „Топ тема“ најави дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, ќе фрлат ѓубре со картички.

Тој појасни дека контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. Имено, за секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Тој појасни дека и новите контејнери кои ги купи градот и ги распредели во минативе денови по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“. Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

Image result for smart containers garbage open with card




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани