Пред 2 години Ерусалим е прогласен за главен град на Израел. Градот кој беше освоен со сила од страна арапите, беше ставен под палестинска управа речиси 8 века. Крстоносците не успејаа да го спречат нападот на Салах Ал-Дин, познат како Саладин, и на 2 Октомври 1187 година, Ерусалим паѓа во негови раце. Во таков Ерусалим, евреите и христијаните се прогласени за „НЕЏЕС“ арапски збор кој означува нешто валкано, недостојно за почит.
Еврејските и христијанските храмови биле оставени да се распаѓаат, конкретно, од Иродовиот Храм е останат само еден ѕид (Ѕидот на плачот). Туризмот бил непознат поим, градот немал никаква инфраструктура, ниту водовод, ниту канализација, додека јавните служи биле на ниво на импровизација, и најчесто недостапни за евреите и христијаните.
Така било се до 1967 година, кога Израел е нападнат од три страни, од три држави. Од Сирија, Јордан и Египет. На 5 Јуни, овие три држави започнуваат офанзива против Израел...и доживуваат катастрофа. Додека светот сеуште бил изненаден од исходот на оваа војна, Генерал Јицак Мордикај прави уште едно изненадување. Тој заедно со 1.200 падобранци и две моторизирани бригади, врши десант на Ерусалим на 10 Јуни 1967. Следниот ден, Ерусалим е во рацете на Израел, ставен и е крај на 8 вековната темница.
Денес во Ерусалим може да дојде било кој човек, може да се моли било кој верник, граѓаните се рамноправни пред законот, возобновени се сите храмови. Слободен Ерусалим, значи Израелски Ерусалим...се друго е темница.
Мојсиевите зборови се применети и живеат на дело:
БЛАГОСЛОВЕН Е ОНОЈ КОЈ ГО ЧУВА МИРОТ НА ЦИОНСКАТА ЗЕМЈА, БЛАГОСЛОВЕН Е ОНОЈ КОЈ ГИ ЧУВА ЅИДИНИТЕ НА ЕРУСАЛИМ!