Homo ipse est faber fortunae suae
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

Колумнава е објавена во Вечер, 2007 година а повод беше еден курч на Фрчковски кој за да биде уште поинтересен ме спомна мене и една моја колумна. нејсе, колку за неговото ниво, после тоа дојде во емисија кај мене, оти му требаше за кампањата за претседателки кандидат и со носот надоле, ми се извини јавно ... во негов стил. Да тој Фрч, чиј интелектуален демократски капацитети се Тричковски и Аналниот дегенерик.

Хвала на пажњи - over the Tase!

 

Homo ipse est faber fortunae suae

 

Ох хепи деј, ја спомна у колумната на големиот деец на нашиот интелектуален збор, лично човекот кој употребата на латинизми ја направи врвен интелектуален чин, најде доволно спејс меѓу разиграните лексиконски фрази, да посвети пар збора за мене, за да ја акцентира импотенцијата на Рафајловска и Славевски, па ете, моа, популарното и со највисок рејтинг типче кое не е ни новинар туку водител и тоа радио и кој со задоволство од спортска гимнастика, често таквите ги ставав на врвот на фалусите со бесмислени коментари наменети на луѓе кои сега вас ве ангажираа да им ја вршите нивната јалова работа.

Скромно ем корпулентно типче, ми аген, без кабинетско-професорски и политички амбиции и со премал интелектуален капацитет за правилно расудување, сум спомнат од велелепниот џезер и љубител на Стонси, мистер Фрч, човекот кому му се восхитувам и бескрајно го почитувам и за кој јавно сум кажал дека ќе бидам член на негова партија (ако ја формира некогаш) и со книшка ако требит, и кој не сум го викнал во емисија затоа што е единствената персона која ја сметам за превисоко интелигентна да се троши на тривијалности и заради која постојано чекам и одложувам, но на готовс да се случи некоја револуционерн-жешка тема од мега размери, па тогаш да го поканам гуруто на политичката анализа да гостува во емисија за да му дадам полн простор за да го разлета својот раскошен ораторски талент.

Не професоре, не ме болат вашите гравитациски ласери со кои требаше да го спуштат нивото на ценетите министри кои, види мајката, дури и да се согласам дека се со сомнителен професионален и интелектуален капацитет, направија повеќе за оваа земја одошто сите влади на вашите сегашни работодавци во целата нивна историја. За да ги процесуирате јавно во фецес и да го намалите ефектот од достигнувањата кои ги имаат овие за вас некадарни министри, ме фрлате меѓу нив како убер - есхол, биолошко оружје, отрови. Од вас, некако, ми доаѓа како спенкање, повеќе еротска играчка одошто сериозна навреда на егото, кое признавам дека го имам како и сите вие суетни неимари.

Боли кога паѓа сликата за интелектуалец пар-екселанс како вас, кој скоро ја убеди јавноста дека е независен, непартиски и луцидно свој и во настапите да се истрчате сега откако пропаднаа обидите на јуришниците и лидерите на есдесот да го насочат јавното мнение на било која страна за да се врати срамотниот рејтинг од 6% - у народ познат као кенеф пун гована рејтинг, па ви проработе пејџерот на кој како роботрон рипнавте во маестрална акробатика да им мавате џију-џицу на педерите од власта кои само лаѓат со нивните успеси и дека смо се зајебали веома гадно зато што кОкта не сме пиеле, него фалц од некоја охридска полнилница. Соочување нема на засегнатите и нема ни да име, нормално, но не е битно тоа, трагедијата е лична, ваша. Да сум Абрамович, би ве откупил, ко Шевченко, иако не го бива ни приближно како порано, но оти така, ми правите мерак, да ве заштитиме како панда, за да не може никој вака да ве отповикува понижувачки, како кога хипнотизираниот ум на кој му е всадена шифра скока кога ќе се изговори и извршува секакви задачи без оглед дали е тоа така.

Дали сакате да го правите ова што го правите или не, не знам, но и да сте во право губите затоа што босот ви има смешни идеи и нејасни цели кои кај јавноста поминуваат како преку Тасета. Да ве откупам за да останете автентичен во својот потенцијал, а не учкур на една рикната форма на инсталација која мамата ни ја расплака овие пар децении, жално, ве злоупотребуваат, како педофил дете, како повеќекратен предвоен презерватив. Но кој да знае, можеби и мора така, можеби ова е времето за наплата за фри шопови, пасоши, нафти, шверцови, скапи слики, местени избори, промени на името, знамето... штета, навистина штета.

А па и ја се препичувам, а преку тасета ми е.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани