Пченката поскапе за 72%, сојата за 86%, среброто за 74%
ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ЦЕНИТЕ НА СИРОВИНИТЕ СКОКНАА ДО НЕБО?
Растот на цените, било да се работи за матерјали кои се користат во тешката, градежната, прехрамбената, ИТ и автоиндустријата или енергетиката Е константен! Берзанските индекси врзани со стока и сировините, според податоците од сајтот индекмунди, бележат последниве година дена константен пораст, кој пак во поединечни случаи остварил неверојатни 183 одсто( колку што порасна и индексот на нафтата)
Момнетално цените на основните земјоделски производи на домашната берза котираат прилично високо. На балканот, во Србија таа се продава за 83 динари по килограм, а пченката варира меѓу 29,7 и 30,03 динари. Нафтата на светските пазари се доближи до цена од 80 долари по барел, а на берзите се појави нова ѕвезда,- "бакарот" - кој од скоро се тргува во цена од 10.000 долари.
Причини има повеќе и сите се силно испреплетени меѓу себе.
Kако прво, веќе се назира крајот на пандемијата и тоа ја раздвижи побарувачката по скоро сите ресурси. Оптимизмот кој владее ширум светската економија го следи и зголемување на економската активност и индустриското производство и тоа е најглавната причина заради зголемената побарувачка за одредени сировини. последица на сето тоа е и лошата монетарна политика која се води ширум светот и парите кои ги вбризгуваат во економијата во најголема мера се враќаат на пазарот.