Одбраната на Камчев до АНБ: Наместо да бркате ,,кртови” дадете образложение за скандалот кој го направивте
  Објавено на
share

 Одбраната на Камчев до АНБ: Наместо да бркате ,,кртови” дадете образложение за скандалот кој го направивте

 

 

 

Oдбраната на Јордан Камчев реагира на изнесените тврдења на првиот човек на АНБ Виктор Димовски кој тврди дека бил чист случајот на ,,службената белешка’’.

-Ако бил чист случајот зошто ,,службената белешка’’ не беше презентирана на ниеден од адвокатите од одбраната на г-динот Јордан Камчев кои според законот на АНБ поседуваа и презентираа безбедносни сертификати што им даваат целосно право да имаат увид во овој тип на ,,службени белешки’’?Наместо тоа, киднапираа бизнисмен врз база на усни информации, нашкртани на ,,службена белешка’’ потпишана од страна на директорот-прашува одбраната.

Оттаму велат дека ако немала забелешка Собраниската комисија на работењето на АНБ во овој дел, зошто и самата Собраниска комисија го премолче записникот од Седницата и заклучоците од истата? Дали и пратениците потклекнаа на методите на тајната служба?

-Ако беше толку чист случајот со ,,службената белешка’’како што се тврди, зошто судиите кои ја оценуваа и продолжуваа мерката притвор ја тргнаа оваа ,,службена белешка’’ како основ за продолжување на мерката притвор откако на социјалните мрежи протече содржината на фамозната ,,службена белешка’’?

Оттаму бараат наместо Агенцијата за национална безбедност да брка според неа т.н ,,кртови’’ кои ја обелодениле оваа ,,службена белешка’’ ( што веројатно не им оди во прилог поради неиздржаноста и тенденденциозната провидност на нејзината содржина) нека дадат образложение и одговор за овој скандал врз основ на кој г-динот Јордан Камчев веќе шест месеци е киднапиран и држен во притвор.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани