Германскиот виролог Кристијан Дростен со изненадувачка порака до јавноста: Вакцинираните „намерно“ да се заразат со Ковид-19
  Објавено на
share

Германскиот виролог изненади со својата изјава: Вакцинираните „намерно“ да се заразат со Ковид-19

Најугледниот германски виролог Кристијан Дростен препорачува вакцинираните да се заразат со коронавирусот за подолго време да бидат заштитени од Ковид-19.

Тој на својот поткаст објавил дека вакцинираните кои намерно ќе се инфицираат можат да создадат големо ниво на антитела.

Дростен исто така изнел сомнеж дека вакцинацијата сама по себе е доволна за совладување на пандемијата.

„Наесен сигурно ќе ни биде потребно ограничување на контактите“, вели тој.

Според неговите зборови помислата дека ќе бидеме сигурни наесен е „луда претпоставка“.

Врз основа на актуелната ситуација, тој укажува дека вакцините штитат од потешко заболување, но не и од заразата.

За Дростен пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизирањето. Истовремено испратил апел до вакцинираните да се придржуваат до мерките поради тоа што само така можат да ги заштитат невакцинирани сограѓани.

Persistence and decay of human antibody responses to the receptor binding  domain of SARS-CoV-2 spike protein in COVID-19 patients

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани