ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ СО „ТОМА“: Бјелоглиќ ќе снима биографски филм за Али Ахмети
  Објавено на
share

 

ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ СО „ТОМА“: Бјелоглиќ ќе снима биографски филм за Али Ахмети

насловна слика

Филмот за Тома Здравковиќ, кој после емитувањето на МТВ ја подели и така поделената јавност, сепак ќе биде отскочна даска за помирување на македонското општество, затоа што после големиот успех на „Тома“, режисерот Драган Бјелогрлиќ, реши да снима филм за лик кој ги обединува сите граѓани на Нашата Земја – Али Ахмети.

 

- После Тома барав други инспиративни ликови од Балканот за кои може да се сними филм и сосема случајно излезе името на господинот Али Ахмети. Лично јас отпрвин не знаев точно за кого се работи, но кога ми ја раскажаа неговата животна приказна знаев - тоа е тоа! Има акција, има воен спектакл, има трилер, а откако е на власт и еротика и порно. Се’ на се’ траги-комедија. – рече Бјелогрлиќ.  

 

Како што дознаваме, Министерството за култура, но и Министерството за политички систем веднаш пројавиле интерес да го финансираат овој проект, кој според првичните проценки, а најмногу поради акционите сцени и спцијалните ефекти, ќе чини повеќе и од филмот Титаник.

 

За сега не се знае кој ќе го глуми овој наш великан на големото платно, но интерес пројавиле буквално сите поголеми актерски имиња од регионов, како и голем број холивудски ѕвезди. 

 

преземено од Сатира




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани